Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Сè уште стои понудата за зголемување на платите што ССМ ја одби 

Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Принципиелно ја поддржувам секоја иницијатива на секој работник што излегува демократски и си го бара своето право за повисока плата. И тука треба да сме сите натпартиски сложни дека секој работник што сака повисока плата треба да се поддржи, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски.

Одговарајќи на прашање на пратеничката Драгана Арсова од ВМРО-ДПМНЕ во македонското Собрание, нагласи дека Владата е таа што посредува во оној бипартитен дијалог меѓу работодавачите и работниците и оти тоа е принципиелно и зрело однесување и така треба да се однесува секоја влада. 

Но, нагласи, раководството на ССМ вчера изнело многу невистини, конструкции и навреди изразувајќи разочарување од, како што рече, оние што треба да се авангарда и водачи и, пред сè, луѓе со интелектуална самосвест, покажале дека се целосно политизирани, инструментализирани и водени од гнев и омраза кон оваа Влада. 

Реклама

Владата како најголем работодавач, истакна премиерот, е одговорна кон своите колеги, кон граѓаните и уште на почетокот на својот мандат потпишала колективни договори за периодот 2024/2028 година со синдикатите од областа на образованието, науката и културата, здравството – за лекарите и за здравствените работници. Повисока плата добиле и вработени во министерствата за внатрешни работи, за одбрана, центрите за социјална работа, институции, агенции, регулаторни тела…

– Некаде приближно 95 проценти од вкупниот број вработени. Значи, ние со нашите вработени, со нашите колеги, сме имале дијалог и тој дијалог сме го заокружиле со колективен договор. Ние како работодавач сме одговорни и заедно со претставниците на нашите колеги сме си ги регулирале односите едни со други – рече Мицкоски. 

Појасни дека повисока плата треба да се бара од работодавачите и оти вистинската адреса за протести биле работодавачите, но, како што нагласи, и оние што седум години биле влада, ја краделе и опустошувале државата, вклучително и работниците, и го уценувале бизнисот. 

На административните служби потсети дека уште мината година им понудиле зголемување на платите од март 2026 година до истиот период 2028 година за речиси 40 отсто под услов изнаоѓање формулација на еден заеднички колективен договор, што било одбиено од ССМ.

– Моментната плата да биде основица, која сега секако ќе се зголеми, и тој збир да се зголеми за осум проценти. Сега во април 2026. Тоа е икс пари. В година тие икс парии повторно да се зголемат за минималната плата и тој збир со нови осум проценти. Тоа е ипсилон пари. Овие ипсилон парии повторно во 2028 да се зголемат со минималната плата и повторно тој збир да се зголеми за осум проценти, што зборува дека од април оваа година до април 2028 зголемувањето ќе биде речиси 40 проценти со потпишување индивидуални или грански колективни договори – појасни Мицкоски. 

Нагласи дека понудената опција сè уште стои на маса до сите административни службеници и оти кога тоа ќе се реши, 99 проценти од администрацијата ќе имаат регуларан однос со Владата како работодавач.