Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

Мицкоски се сретна со Пленковиќ, регионалната соработка и европската перспектива во фокусот на разговорите

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Брисел, на маргините на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, во рамки на посетата на Брисел, на маргините на Конгресот на Европската народна партија остварил средба со хрватскиот колега, Андреј Пленковиќ.

Како што информира вечерва преку својот фејсбук профил, на средбата било разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, за регионалната соработка и европската перспектива.

-На средбата беше разменето мислење за актуелните предизвици во Европа, регионалната соработка и европската перспектива, со посебен акцент на унапредување на билатералните односи и партнерството во рамки на европското семејство, наведува Мицкоски.

Реклама

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски кој со партиска делегација е во Брисел, до 20 март ќе присуствува на Конгресот на Европската народна партија, на кој се поканети и претседателката на Европската комисија, Урсула Фон Дер Лајен, како и претседателката на Европскиот парламент Роберта Мецола.

Според најавата од ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски, партискиот генерален секретар, Драган Ковачки и членот на Извршниот комитет, Стефан Андоновски, ќе присуствуваат на свеченоста на Европската народна партија која во Брисел свечено ќе ја одбележи 50-годишнината.

– Присуството на премиерот Мицкоски и делегацијата на ВМРО-ДПМНЕ на овој висок собир претставува потврда за цврстата определба на Република Македонија за европска интеграција, како и за активна вклученост во процесите кои ја дефинираат иднината на Европа. Воедно, ова учество е значајна можност за афирмација на националните интереси и за зајакнување на позицијата на државата во рамки на европското политичко семејство. Оваа можност ќе биде искористена за билатерални средби на Мицкоски и партиската делегација со присутните претседатели, премиери и лидери од семејството на Европската народна партија, наведоа од ВМРО-ДПМНЕ.