Реклама

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

Прилози

Mицкоски: СДСМ трагедиите ги користи за политика – Кочани ќе добие вистинска поддршка

Нема да дозволам на грбот на напатенот народ да се прави политика…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нема да дозволам на грбот на напатенот народ да се прави политика и безобразно да се злоупотребуваат судбините на цел еден град. Премиерот на годишната Конференција на Унијата на млади сили на ВМРО ДПМНЕ во Велес, порача дека историјата на СДСМ на груба злоупотреба на трагичните случаи станува препознатливо портфолијо на политичко делување на оваа партија и тоа само покажува во каква очајна состојба се во отсуство на реални проекти и политики.

„Да не дозволиме овие некрофили кои повторно на човечката судбина манипулираат и се вратат на власт. На Кочани се помага со прес конференција, туку со дела“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

По неодамнешната трагедија што го потресе Кочани, градот ќе добие шанса за нов почеток – со проект од историско значење што ќе го промени неговиот лик и ќе донесе конкретни подобрувања за секој жител, премиерот, најави дека се работи на иницијатива која ќе има длабоко влијание врз иднината на градот и дека на истата веќе се работи со претставниците од Канцеларијата на Европската Унија. Мицкоски вети и дека владината поддршка, за семејствата на жртвите и повредените од трагедијата во „Пулс“, ќе продолжи во иднина.

Реклама

„Што се однесува до владината поддршка за Кочани, таа ќе продолжи и воедно сакам да објавам дека интезивно работам на проект кој ќе биде од историско значење на градот и ќе помогне директно за животот на секој еден жител на Кочани и ова го работам заедно со канцеларијата на Европската Унија. Со тоа што историски епски драматично, ќе го видеоизмениме изгледот на подобро на градот Кочани“, изјави премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски.

Мицкоски се осврна и на престојните локални избори и порача дека победата на ВМРО ДПМНЕ е се понеизвесна, а СДСМ може да остане и без ниту една општина. Премиерот порача дека помина времето на криминалците и клановите и дека Македонија победува и повторно припаѓа на народот. Додека СДСМ ги продаваше македонските интереси, ВМРО ДПМНЕ ги врати дел од позициите на Македонија на меѓународен план, а во контекстот на ЕУ, Мицкоски посочи дека Европа сега има слух за вистината за македонскиот идентитет.