Реклама

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Над 20 дуќани изгореа во пожарот во Шутка – штетата е голема, за среќа повредени нема

Корумпирани или некадарни судии?- слободата за „Ласкарци“ и Стевчо Јакимовски отвора повеќе прашања

Голема акција на МВР – Се апсат осомничени за фалсификување возачки дозволи

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Македонија

Мицкоски: СДСМ работи против државните интереси и кога е власт и кога е опозиција

СДСМ и кога беше власт, а и денес како опозиција, според премиерот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

СДСМ и кога беше власт, а и денес како опозиција, според премиерот Христијан Мицкоски, работи на штета на државните и националните интереси. Тој вели дека отстапките што некогаш ги правеле за да останат на власт биле недозволиви, но денес уште потешко се разбира зошто партијата продолжува со истата практика од опозициски редови.

„И ова раководство на СДСМ како и минатото, да ги руши позициите на македонската влада и на државата, да ги распродава идентитетските и националните приоритети од за мене неразбирливи причини. Ако на времето тоа го правеа за да се одржат на власт, за да можат да ги злоупотребуваат институциите и ресурсите на државата, не го оправдувам се, разбирате, тоа има одговорност, но и некако ги разбираме. Сега не ги разбирам од опозицијата, зошто мора да ги подриваат позициите на владата, која што грчевито се бори, тоа што тие го распродадоа изминатите 7 години кога беа во владата, да го поправи.“

Според премиерот предложената резолуција на СДСМ е полна со историски искривувања и фалсификати. Како пример, посочи дека во документот се наведува дека македонскиот јазик бил прифатен во Обединетите нации во 2019-та година, што тој го оцени како апсурд.

Реклама

Мицкоски беше дециден дека Владата нема намера да прави уставни измени без сериозни и јасни гаранции од Европската Унија и од источниот сосед.

Освен тоа, инсистира и на заштита на правата на Македонците во Бугарија, повикувајќи на доследна примена на пресудите на Европскиот суд за човекови права во Стразбур.

„Да може ОМО Илинден Пирин да функционира како здружение на Македонците во Бугарија. И со тоа ќе се стекне ОМО Илинден Пирин со право да претстави својот човек во Министерскиот совет за малцинство во Бугарија. Како што имаат евреите, ерменците, турците, така натаму. Заслужиле Македонците кои што според пописот во 1956 година биле мнозинство во Западна Бугарија, а во 1965 година магично 200.000 исчезнуваат, да имаат свој претставник таму.“

Премиерот потсети дека Владата ќе остане доследна на резолуцијата од јули 2022 година, која беше изгласана со 95 гласа „за“. Македонија, како што рече, не бега од своите обврски, но очекува еднаков третман, почитување и конкретни чекори од источниот сосед и од Брисел.

Инаку, вчера конечно по неколку месеци најавување, СДСМ и лидерот Венко Филипче ја претставија нивната резолуција за црвени линии со Бугарија. Документот, во суштина, се сведува на брзи уставни измени и внесување на Бугарите во Уставот, без нови гаранции или заштитни механизми дека Македонија нема повторно да се соочи со нови условувања и блокади на патот кон ЕУ.