Реклама

Мицкоски со сомнеж за брзиот договор за откуп на ајварката „земјоделците не сакаа да протестираат кај откупувачите на пиперки“

Автопатот Охрид-Кичево се гради со планирата динамика, Николоски тврди дека се решаваат сложени инженерски проблеми

„Единствено што сакам е тато да ми оздрави“ – Мила со порака до сите: 30-тина пациенти чекаат ново срце

Затекнати додека подметнуваат пожари – уапсени две лица во Битола и Прилеп

МВР со месеци ја следеле трагата на нарко-мрежата, а резултатот е огромна заплена од 324 килограми марихуана

Три нови случаи на западнонилска треска- во Драчево вонредно прскање

„Ќe има казни за лица кои создаваат хистерија“, рече Мицкоски за лажната вест дека е загадена водата во Скопје

Пекол на хрватското крајбрежје – по Омиш, гори и во околината на Трогир

Жителите на Гостивар конечно можат да се напијат вода од чешма

Алфа на Халкидики – црвени знамиња, забрана за капење

Пожарот во прилепско го проголта објектот за тутун на семејството Богески, штетата им е проценета на над 80 илјади евра

Пеколно деноноќие во Сивири и Фурка, македонските туристи се безбедни

Македонија

Мицкоски: СДСМ и ДУИ не биле задоволни од истрагата за трагедијата Кочани, а ја водат истите обвинители кои се нивни миленици и самите ги избраа

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да се сретне со лидерот на опозициската…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е подготвен да се сретне со лидерот на опозициската СДСМ по барањето на Венко Филипче за лидерска средба. Шефот на владата го повика претседателот на СДСМ да го обелодени неговиот план за реформи.

Што се однесува до лидерската, тоа е пресериозна тема да се разговара вака преку медиуми. Филипче како што видов, веројатно има некаков план, тој план тој може да го презентира на прес конференција, но ако сака да ми го презентира мене, јас сум подготвен, да го примам и да разговарам со него, рече Мицкоски.

Темата за лидерска средба се отвори откако Филипче изјави дека следната недела ќе бара средба на лидерите на најголемите политички партии и во Собранието ќе го претставел својот план за реформи во судството, здравствениот систем, образованието, јавната администрација, напредок во евроинтеграциите.

Реклама

Сепак социјалдемократите и натаму обвинуваат дека истрагата за пожарот во дискотеката во Кочани е селективна, и според Мицкоски, се обидуваат да го политизираат целиот случај иако истиот го водат луѓе избрани од нивните тефтерчиња, алудирајќи на Коцевски, Бубевски и Абази. 

Разбрав, поранешната владина коалиција не била задоволна како обвинителстбто ја води истрагата. Прво, обвинителот, е оној истиот кој овие партии го гласаа. Утрото, тој пристигна со Ислам Абази, и Гаврил Бубевски. Јасно ви е од кои тефтерчиња се овие избрани. Тоа што не продолживме со процедурата, со нашето барање, тоа не значи дека заборавивме од каде доаѓаат. Се повлековме, за да оставиме простор да се даде јасен одговор и одговорност на секој оној кој има и најмало учество во оваа трагедија, додаде премиерот.

За барањето на опозицијата да се формира анкетна комисија, Мицкоски нема ништо против, но порача дека треба да се отворат и многу други претходни случаи како автобуската несреќа на Беса транс, Ласкарци, модуларната болница во Тетово.

Го слушнав барањето.Едната опозициска партија бара меѓународна помош за истрагата, другата анкетна комисија. Истите овие, беа миленици, на тие кои сега велат дека не се задоволни од истрагата. Дали беа задоволни од истрагата за Ласкарци, модуларна, Беса транс и многу истраги. Апсолутно, не бегам од никаква анкетна комисија, но би сакал да ја прошириме со сите овие судски случаи кои завршија на начин на кој што завршија, порача Мицкоски.

СДСМ побара и на локалните избори да излезат со ВМРО-ДПМНЕ со заеднички кандидат за градоначалник на Кочани, што според премиерот е премногу рано да се разговара за избори кога се уште не се поминати ниту 40 дена од несреќата, а целиот град но и целата држава се во колективна тага по несреќата во која згаснаа 59 животи. 

https://youtu.be/NUgyTIg_NXI