Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Mицкоски: Растот на БДП е доказ дека економијата оди во правилна насока, очекувам и нови инвестиции

Раст од 3,2% на Бруто Домашниот Производ, рекорден број на странски директни…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раст од 3,2% на Бруто Домашниот Производ, рекорден број на странски директни инвестиции по глава на жител во 2024 година и намалување на јавниот долг за речиси 3%. Македонската економија, полека, но, сигурно се опоравува, а буџетот се полни со предвидената динамика. За премиерот Мицкоски, примарната цел на оваа Влада е преку домаќинско владеење да се продолжи со трендот на раст и во првиот квартал од годинава. 

„Апсолутно тоа се први индикации дека економијата заздравува, дека одиме во правилна насока за помалку би рекол од три квартала, да ја стабилизиравме состојабта во државата што беше наша примарна цел, да ја стабилизираме од слободниот пад, а потоа се разбира преку активни и домаќински политики и чесно и добро владеење, да успееме да обезбедиме раст на економијата во третиот квартал ќе ве потсетам тоа беше 3 сега е 3,2% очекувам овој тренд да продолжи и во првиот квартал од оваа година, очекувам уште една убава вест до крајот на неделата“, изјави премиерот на Македонија Христијан Мицкоски.

Премиерот Мицкоски очекува трендот на раст на директните странски инвестиции да продолжи и во 2025 година, а со голем дел од странските компании се веќе во преговори. Најмногу се од секторот на енергетиката, кои што треба да ја направат Македонија енергетски независна на подолг период.

Реклама

„2024 година ја завршивме со рекордно историско ниво на странски инвестиции од 1 милијарда и 255 милиони евра, со што повторно по глава на жител сме држава со најголем број на странски инвестици во регионот. Во јуни ставаме на „Алказар“ точно инвестицијата, тоа се половина милијарда американски долари инвестиција, со што конечно ќе имаме поголемо производство на електрична енергија од тоа што го трошиме“, изјави премиерот Христијан Мицкоски.

Минимална плата од 500 евра уште од април е прифатлива за оваа Влада, само доколку за тоа има договор со работодавачите на економско социјалниот совет. Но, ако се мисли на предлогот, на опозицијата, Владата да субвенционира до 30 илјади денари, за Мицкоски тоа е знак дека Синдикатот се претворил во партиска бина на СДСМ, ДУИ и „Левица“.

Љубиша Владимиров