Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Блажо Ѓорев во Њујорк беше партнер и ко-домаќин на престижниот деловен настан на BCIU, основан по иницијатива на Белата куќа

Македонија треба да го следи европскиот тренд за ограничување на пристапот на децата до социјалните мрежи

Нови пазари и приходи: Што ќе донесе антимонот, македонското „злато на новото време“?

Хутите стигнаа до теснецот „Баб ел-Мандеб“ – нафтата на берзите може да скокне до цели 120 долари по барел

Здравството без хартија: Новата стратегија носи дигитални картони, рецепти и консултации

Во Брисел состанок на министрите за европски прашања: Во фокус проширувањето и можната промена на правилата

ДЗР: Системот за заштита и спасување неподготвен за навремено и ефикасно справување со катастрофи

Мицкоски на отворањето на Генералното собрание на ОН: Со гордост ја претставуваме Македонија на местото на кое се носат важни одлуки

Мицкоски на средба со бизнис-претставници од воената индустрија на САД: Преку сериозни и долгорочни партнерства до нови можности за инвестиции

Премиерот Мицкоски се сретна со висока делегација на Стејт Департментот предвоена од заменик секретарот Кристофер Ландау

Владата подготвена за нови мерки ако продолжи растот на горивата

Македонија

Мицкоски пресече – кадровските одлуки се кај премиерот не кај БЕСА

Порака без дипломатски ракавици — премиерот Христијан Мицкоски јавно го потсети коалицискиот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Порака без дипломатски ракавици — премиерот Христијан Мицкоски јавно го потсети коалицискиот партнер Билал Касами кој ја составува Владата, откако од Беса беа пласирани најави за можна смена на министерот за социјална политика, демографија и млади Фатмир Лимани. Наместо простор за шпекулации, следуваше директен став што ја затвори дилемата околу кадровските ингеренции.

„Не, јас немам ваква информација. Јас сум задоволен со работењето на господинот Фатмир Лимани и мислам дека е додадена вредност во Министерството за социјална политика, демографија и млади. Јас сум мандатар на Владата и јас ја составувам Владата, ако некој тоа го заборавил, да го потсетам – одговори Мицкоски.“

Реакцијата дојде по најавите од Касами дека во рамки на партијата се анализира работата на нивните функционери во извршната власт и дека не е исклучена реконструкција. Судирот во ставовите се засили по локалните избори, кога Лимани како кандидат за градоначалник на Кичево не успеа да ја добие довербата од гласачите, по што се отвори прашањето за одговорност и ефект.

Реклама

Касами претходно најави седница на Централното собрание на Беса за да се разгледа позицијата на партијата во Владата и резултатите од управувањето со институциите.

„Не можам да кажам дека сме целосно задоволни, бидејќи секогаш е потребна поголема посветеност од сите ресори што ги водиме. Направивме неколку анализи за силните и слабите страни на Движењето Беса во Вреди, и како дел од Вреди во Владата. За утре свикавме состанок на Централното собрание за да ги разгледаме овие прашања и да ја процениме нашата позиција во Владата и да донесеме одлука за нашето понатамошно делување. Верувам дека таму сите функционери ќе известат за тоа каков е резултатот од нивното управување со институциите, а како главно тело на Движењето Беса помеѓу двата конгреса ќе заземеме и ставови за тоа колку сме задоволни и дали можеше да биде подобро – рече Касами.“ (11.02.2026)

На денешното прашање за реакцијата на премиерот, Касами остана воздржан, без дополнително заострување, рече се што имал кажал вчера, а вечерва на состанок за нивните одлуки и отчетноста на нивните функционери.

Ова, не е првпат релацијата Мицкоски – Касами да влезе во зона на отворено несогласување. Се памети и контроверзната изјава на Касами за можна заемна поддршка со ДУИ во вториот круг од локалните избори — изјава што отвори чувствителни прашања и предизвика реакции и во јавноста и во рамките на владејачкото мнозинство. По средба со премиерот, наративот тогаш беше значително коригиран. Касами тврдеше дека бил погрешно разбран, се дистанцираше од кандидатот на ДУИ во Кичево и ја ублажи реториката.