Реклама

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Николоски: Во Струмица преку Министерството за транспорт се реализираат проекти вредни над седум милиони евра

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Македонија

Мицкоски: Одбивајќи да се обединиме за националните прашања, некои политичари стануваат маргинални служители на туѓите интереси

Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Направив сè за да подадам рака кон опозицијата, да се обединиме. Тие секоја шанса ја испуштија и нема постојано да чекаме тие да се одоброволат за да делуваме заедно за националните интереси, истакна денеска премиерот Христијан Мицкоски од свечената академија што по повод Денот на сесловенските просветители се одржа во црквата Свети Софија во Охрид.

– Затоа јас повикувам на народно и интелектуално обединување на државата. Тоа што некои се лидери на политички партии во опозицијата и ја имаат таа улога, не значи и дека се лидери на својот народ. Одбивајќи да се обединиме за националните прашања, тие се осудени на пропаст. Стануваат маргинални служители на туѓите интереси. Затоа вистинското обединување е народното. Затоа да се обединиме сите интелектуални кругови и да си подадеме рака. Ова е последната шанса за Македонија. Мораме да ја искористиме – рече Мицкоски.

Премиерот нагласи дека ќе разговара со секој, „ќе го мотивира секој кој сака да помогне и да се вклучи во процесот на Македонија која забрзува и оди напред“. 

Реклама

Мицкоски истакна дека не може да ги разбере и оправда домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава.

– Не можам да ги разберам, ниту оправдам, домашните политичари кои делуваат како специјални пратеници на премиерот на соседната држава. Тоа што тој го зборува, тоа го зборуваат и домашните политичари и нивни претставници. Поразително. Тоа нè поразува и како нација. Имаме отсуство кај дел од луѓето на чувство за припадност кон својот народ и подготвеност со гордост да го носат она што јас го велам – мекото ткиво на македонскиот народ. И колку ние сме поголема брана на предизвиците, тие се поагресивни. И да кажам дека нема пари, нема моќ и нема причина поради која би го предал мојот народ или би направил нешто, било што, на негова штета нагласи премиерот Мицкоски.