Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Македонија

Мицкоски од Давос: Во наредните години за два ипол пати ќе порасне потреба од електрична енергија, Македонија нема да биде нем набљудувач на тие процеси

-Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

-Добар ден Македонијо! Добар ден од Давос, го започна премиерот Христијан Мицкоски своето видео обраќање до македонската јавност по успешниот ден во Давос. Во обраќањето кое го пренесуваме, тој истакнува:  

Денеска имавме, би рекол, многу успешни и инспиративни средби, со голем број мултинационални компании, за теми кои што беа опфатени од областа на енергетиката, здравството и високата технологија.

Се разбира, од нашата страна беа претставени можностите за инвестиции во Македонија, во македонската економија, нешто што ќе значи додадена вредност за македонските граѓани. 

Реклама

Но, тоа на кое што би сакал посебно да се задржам е вториот дел од денот, односно панелот за енергетика, каде што бев активен учесник и говорник, заедно со секретарот за енергетика на САД, г. Рајт. Панел, каде учество имаше буквално целото светско водство во енергетскиот бизнис, компании кои што доаѓаат од сите континенти, компании чии што обрти се движат во рамките на илјадници милијарди. Таму разговаравме за очекувањата и плановите за развој на енергетиката во годините кои што следат, пред се енергетиката од областа на производство на електрична енергија. 

Зошто токму областа на производство на електрична енергија? Тоа што можам да го заклучам како резултат на овој панел за енергетика се три работи:

-Првата работа е дека во годините кои што следат, потребата од енергија во светот ќе расте, но два ипол пати побргу ќе расте потребата од електрична енергија. И тука, ние како Македонија, како држава, не смееме да бидеме нем набљудувач, туку треба да бидеме активен чинител и активен учесник и тука повторно треба да ги рестартираме сите оние можеби заборавени енергетски проекти од минатото, како што се Чебрен и Галиште, Бошков Мост и останатите. И да го понудиме потенцијалот за инвестиции во обновливи извори на енергија на голем број од инвеститорите кои покажаа несомнен интерес во дискусиите по завршувањето на панелот. 

-Втора работа која што исто така е значајна е дека во следните десет години производните капацитети кои што треба да бидат изградени, кои што треба да произведуваат електрична енергија во светот, ќе треба да произведат вкупно 40 000 терават часови електрична енергија. Колкава е таа количина електрична енергија? Тоа е пет ипол илјади пати повеќе отколку што денес Македонија троши електрична енергија и некаде отприлика толку колку што денеска САД, Канада, ЕУ и Јапонија заедно трошат. Зошто е ова потребно? Затоа што во годините кои што следат развојот на човештвото ќе опфаќа развој на вештачка интелигенција, а со тоа и развој на центрите за податоци или т.н. дата центри, кои што работат, не на енергија, туку на електрична енергија. 

Тоа се трите факти кои што се многу важни и ние како држава тој чекор треба да го следиме и во таа насокада ја развиваме нашата економија. Од економија која што се темелеше на развој на автомобилската индустрија, да го диверзифицираме своето портфолио и да бидеме значаен чинител, имајќи ги предвид перформанските и потенцијалот што го нудиме во делот и секторот на енергетика. Јас сум убеден дека тоа како држава можеме да го направиме. Јас сум убеден дека ние како држава ќе успееме во таа намера.