Реклама

15-годишниот светски првак Марко Џорлев е најмладиот добитник на наградата „8 Ноември“ во Штип

12 милиони денари долг во охридскиот студентски дом, ревизија и целосна реконструкција како спас за „Никола Карев“

Протест заради протест, триесетина присутни на протестот на Независниот синдикат на професионални војници

Прилепските пензионери и корисници на социјална помош денеска организирано во битолската Алта банка ги подигаа своите пари

Доверба во банкарскиот систем: граѓаните остануваат верни на банките во кои чуваат пари

По Гоце Делчев, Софија тргна да го бугаризира и Даме Груев

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Прилози

Мицкоски од Берлин: Ќе отвориме преговори за можно инвестирање на уште странски компании на македонски пазар

Владата во мисија да привлече што повеќе странски инвестиции од најголемата европска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Владата во мисија да привлече што повеќе странски инвестиции од најголемата европска економија. Компании од Германија се заинтересирани да инвестираат во Македонија, по успешната презентација на плановите за инфраструктурата, енергетиката, туризмот која ја направи македонскиот премиер Христијан Мицкоски во Стопанската комора во Берлин. Наскоро според очекувањата на премиерот  треба да стартуваат преговори со компаниите.

Мислам дека ова во Германија е исклучителна доволна можност имајќи предвид дека нашата трговска размена надминува повеќе од пет милијарди евра, илјадници наши граѓани работат во компаниите каде што се сопственици германски инвеститори и ние како Влада имаме и обврска, но и одговорност да продолжиме со промоција во најголемата би рекол европска економска сила. Промоција на инвестициските можности и капацитети. Денеска тоа го направивме во неколку области како што се услугите, туризмот, енергетиката, производството итн. и мислам дека имавме исклучително позитивен состанок и мислам дека по овој состанок да бидам попрецизен, сигурен сум ќе имаме уште неколку нови инвеститори во периодот којшто следи, вели Христијан Мицкоски, премиер на Македонија/

Германските бизнисмени го препознаваат потенцијалот на македонската влада за создавање поволна клима за странски инвестиции.

Реклама

Јас морам да кажам дека дискусијата беше многу ефикасна и надежна, за тоа имавме деклариран впечаток, бидејќи премиерот изјави дека оваа Влада е навистина бизнис ориентирана. Разговаравме за прашања поврзани особено со енергетиката и инфраструктурата, како и за фармацевтските производи и дигитализацијата.“, изјави Мајкл Хармс.

Очекувањата се дека новите странски инвестициидраматично ќе  ја зголемат економската активност и ќе влијаат позитивно во растот на домашниот БДП за следната 2025 година, но и за наредните години.

Инаку извозот на производи од германски инвеститори во земјава кон Германија десетина години по ред е во пораст, со исклучок на годините во короната кога била евидентна стагнација. Според податоците од германската стопанска комора,  од Македонија најмногу се извезуваат високософистицирани компоненти наменети за автомобилската индустрија, седишта за автобуси, за возови и за автомобили, различна медицинска опрема, специјални бакарни кабли кои се применуваат во индустриското производство. За германскиот пазар овде се прават и софистицирани кафемати и фенови за коса.