Реклама

Западно-нилската треска не стивнува: трет смртен случај, шест пациенти на респиратор

„Купуваме македонско“ – граѓаните сѐ почесто избираат домашни производи

Жална состојба на некогаш големата партија: Филипче на одмор, СДСМ само засилува со „празни муабети“

Домашното производство освојува странски пазари: Храната може да биде нов мотор на извозот

Сипаниците го пустошат македонското овчарство, обезбедени половина милион вакцини

Аналитичари: ДУИ не знае да биде опозиција – наместо план и програма нуди блокади и национализам

Новиот клинички центар – подобри услови за пациентите, лекарите и студентите

Избегната катастрофа во Зелениково, пожар во 2 часот по полноќ се приближил кон куќите

Обвинение за Груби, најава за повлекување на Ахмети – расте стравот во ДУИ, дали ќе „пропее“ Артан Груби?

Струшките вечери на поезијата од институција да станат одделение – Владата го одби предлогот на Министерството за култура

Нема нови случаи на западнонилска треска, општините редовно прскаат против комарци

Истрагата за водата „растворена“ со фекалии може да опфати и други лица

Економија

Мицкоски: Очекувам успешна година за лозарите – годинава откупната цена на смедеревката и вранецот ќе постигне нов рекорд

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на реновираниот Музеј на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски во текот на денешната посета на реновираниот Музеј на вода во Охрид одговарајќи на новинарски прашања даде став по однос на откупните цени на грозјето и состојбите во лозарството.

„Минатата година кога ја формиравме Владата министерот за земјоделство заедно со откупувачите и производителите имаше низа состаноци и се постигна највисока цена на вранецот и смедеревката, при така скромен род. Минатата година, мислам дека, беше некаде околу 75 милиони килограми. Тоа беше така бидејќи немаше доволно вода, системите за наводнување не беа одржувани, се соочивме со неисплатени плати на вработените во АД Водостопанство. Оваа година од информациите со кои што располагам состојбата е многу поинаква. Родот би требало да достигне, далеку од оние рекордни 150 до 200 милиони килограми, но треба да стигнеме до некои 100 до 110 милиони килограми и од оние информации кои што ги имам, цената ќе биде за нијанса повисока од таа која што беше минатата година во делот на откупот на вранецот и смедеревката. Повторно ќе биде соборен нов рекорд, така што очекувам успешна сезона за лозарите“, истакна премиерот Мицкоски.