Реклама

Артан Груби излезе од куќен притвор, но судот одби да му го врати пасошот и покрај понудената гаранција

Апел за вакцинација – наскоро започнува имунизацијата против сезонски грип за ризичните категории

Која е 23-годишната Ива Михаилова и како таа стана главна ѕвезда во најновата драма во продукција на официјална Софија

ММФ: Македонската економија до крајот на годинава со раст од 3,5 отсто

Меѓународна потерница и 30-дневен притвор: Доколку Ива Михаилова стапне во Македонија, веднаш оди зад решетки

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Македонија

Мицкоски: Очекувам голема победа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, ДУИ продолжува со политика на поделби

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека очекува убедлива историска победа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, истакна дека очекува убедлива историска победа на кандидатите за градоначалници кои доаѓаат од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, а бројката смета дека ќе биде меѓу 40-50 градоначалници и Град Скопје.

„Очекувам убедлива победа повторно на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата. Очекувам минимум помеѓу 45-50 градоначалника плус главниот град Скопје. Сега имавме точно 42. Некои ми викаат дека сум песимиста, некои велат ќе имаме и повеќе. Јас навистина не знам колку е тоа повеќе, но еве очекувам да имаме, би рекол, историски резултат. Затоа што граѓаните чувствуваат, дека искрено сме влезени и сакаме да направиме, и даваме се од себе за да направиме. Имаме точна прецизна кампања со јасна порака, кампања која што нуди решенија. Не е црна кампања, не е кампања со ad hominem напади, вели Мицкоски.

Претседателот Мицкоски се осврна на кампањата за локалните избори која што ја води коалицискиот партнер во Владата, ВРЕДИ, и рече дека кандидати за градоначалници на ВРЕДИ нудат проекти и стратегии за развој на општините, за разлика од ДУИ кои се уште продолжуваат со политика на поделби и личен интерес.

Реклама

„Слушам одредени нивни пораки, тие пораки се во рамките на тоа кое што го очекувам. Мене ми е навистина драго, што конкретно Вреди или ВЛЕН, е фокусиран на проекти. Нивните кандидати за градоначалници зборуваат за проекти, за стратегија, што ќе направат во својот мандат. Тоа не можете да го слушнете од нивните конкуренти, ДУИ, кај нив само една е пораката, поделба и обид да се огради својот терен на интерес. Мислам дека е, како што кажав претходно погрешно, но ќе видат самите многу скоро“, дециден е Мицкоски.