Реклама

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Економијата расте, инфлацијата се стабилизира: Стопанствениците очекуваат ваквата динамика да продлжи

Претседателот Трамп ја номинира Кристи Мекормик за нова амбасадорка на САД во Македонија

Алта банка дефинитивно ќе се продаде и спаси, дури 6 банки и финансиски институции заинтересирани да ја преземат

Кравите „господарат“ со Крива Паланка: Градоначалникот немоќен и без решение за „инвазијата“ крави по градските улици

Македонија

Мицкоски очекува во текот на следната недела предлог за нов министер за здравство

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во текот на следната недела да има предлог…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во текот на следната недела да има предлог од „Вреди“ за нов министер за здравство откако досегашниот министер Арбен Таравари замина од функцијата по недоразбирањата со партнерите од коалицијата „Вреди“.

– Вчера по одржувањето на владината седница имавме, би рекол, коалициска координација, разговаравме за тоа што не очекува во периодот што е пред нас. Како краен рок го дадовме крајот на оваа недела за да ги дефинираме кадровските решенија и веќе да може понеделник или вторник да ги доставам до пратениците во Собранието, изјави денеска Мицкоски.

Рече дека како претседател на Владата има право да каже „не“ доколку како предлог му биде доставена личност со која не може да соработува.

Реклама

Посочи дека јавното здравство е еден од неговите врвни приоритети и дека неговиот фокус е насочен кон овој сектор,но дека има многу напластени проблеми што ќе треба да се решаваат.

Како пример ја посочи просторијата на Клиниката за гинекологија и акушерство во која требало да се наоѓаат електроенергетските инсталации за енергетско напојување на објектот, каде состојбата не личела на јавен здравствен објект.

– Се надевам дека ќе можат и граѓаните да видат каква руина е оставена од поранешната Влада, посебно во тој дел којшто може да биде многу опасен за сите. Но тоа е само мал дел. Верувам во начинот на којшто се менаџира јавното здравство, многу работи треба да се корегираат. Свесен сум дека луѓето се нестрпливи, но ние треба да сме трпеливи и да продолжиме да работиме, рече Мицкоски.

Во однос на инвестициите во здравството кажа дека наскоро ќе продолжат изградбите на Клиничкиот центар во Штип, Медицинскиот факултет, Студентскиот дом, болницата во Кичево, Здравствниот дом и реконструкција на Клиничката болница Тетово.