Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски очекува десетици потенцијални турски инвестиции по бизнис-форумот во Истанбул

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека по бизнис-форумот во Истанбул, што се одржа минатата недела, очекува неколку десетици потенцијални турски инвестиции да се операционализираат во Македонија. Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, претседателот Ердоган му кажал дека лично ќе се заложи што поголем турски инвеститори да дојдат во Македонија. – Како резултат на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска рече дека по бизнис-форумот во Истанбул, што се одржа минатата недела, очекува неколку десетици потенцијални турски инвестиции да се операционализираат во Македонија.

Како што истакна Мицкоски, одговорајќи на новинарски прашања, претседателот Ердоган му кажал дека лично ќе се заложи што поголем турски инвеститори да дојдат во Македонија.

– Како резултат на бизнис-форумот, во периодот што следува очекувам неколку десетици потенцијални инвестиции што ќе се операционализираат. Претседателот Ердоган ми кажа дека лично ќе се заложи што поголем турски инвеститори да дојдат во Македонија, а наша задача е тоа да го препознаеме и да отвориме нови работни места и оние што се надвор од државата да се обидеме преку добро платените нови креирани работни места да ги вратиме дома – истакна Мицкоски.

Реклама

Тој е дециден дека новата инвестиција што денеска ја најави на компанијата „Џаво отомотив“ во ТИРЗ Тетово ќе се реализира со сигурност, за што, рече, веќе е потпишан договорот за поддршка со Владата.