Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Економија

Мицкоски очекува да се смират цените по примирјето меѓу САД и Иран

Македонија има една од најниските стапки на инфлација во Европа и покрај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија има една од најниските стапки на инфлација во Европа и покрај тоа што државната статистика измери пораст на трошоците за живот од 4,9%. Премиерот Мицкоски вели дека мерките даваат резултати. За него бројките за инфлацијата се прифатливи, со оглед на тоа што лани во март имаше ограничени цени поради т.н. рамазанска и велигденска кошница. Задоволен е што поради двонеделниот прекин на огнот на Блискиот Исток од страна на САД, цената на нафтата подрастично се намали. Вели дека состојбата се следи и дека очекува смирување на цените.

„Кога го споредиме месечното ниво 0,7%, тогаш можеме да кажеме дека, повторно сега ќе има и такви кои што, ќе се исмејуваат со тоа што јас ќе го кажам, но повторно сме во првите пет во Европа. Помала месечна стапка на инфлација од нас имаат Словенија, Словачка, Естонија и Белгија. Сите други се од еден и пол, два, па и повеќе проценти на месечно ниво. Зборувам март споредено со февруари. Тоа значи дека досега мерките даваат резултат. Зборувам на месечно ниво. И така и ќе продолжиме да ги следиме“ – вели Христијан Мицкоски – претседател на Влада.

По ваквиот развој останува отворено дали и како ќе реагира Владата со евентуални мерки. Мицкоски веќе најави дека ако има тие би биле таргетирани. Сепак за ова се уште се размислува.

Реклама

Дел од упатените сметаат дека таргетираните мреки би требало да ги опфатат производителите на храна за да се заштити домашното производство. Дополнително, да зајакнат и инспекциските контроли за да нема злоупотреби на грбот на граѓаните:

„Би требало да се воведат поголеми контроли и како тоа најголемите профитери, во овој сегмент на работење се големите ланци на маркети. Значи се мерат во десетици милиони. Од една страна, земјоделците, производителите се жалат дека е скапо производството, а од друга страна и тоа што го даваат како цена е ниска, а во маркетите го плаќаме превисоко“ – вели аналитичарот Синиша Пекевски.

Во пресрет на Велигден, на терен веќе има засилени контроли. Инспекторите прочешлале над 800 маркети, дистрибутери и производители последните две недели.  Не се регистрирани драстични промени на цените, ама надлежните остануваат на терен. Поскапувања имало кај јајцата и маслото за јадење, поради повисоките цени на сточната храна и суровините со берзански цени.