Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Мицкоски: Нема никаква врска дека ќе се населуваат мигранти, темата е измислена од СДСМ за да ги скријат внатрешните проблеми

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека не се точни пишувањата…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата Христијан Мицкоски вечерва изјави дека не се точни пишувањата на британските медиуми во врска со носење мигранти во земјава.   

– Не, нема вистина, порача Христијан Мицкоски претседател на Владата на Македонија за пишувањата на британските медиуми за мигрантски кампови во државата.

Премиерот Мицкоски истакна дека не само што нема вистина, туку не може да го разбере неодговорното однесување на СДСМ кои што шират паника и страв кај граѓаните.

Реклама

– И не само што нема вистина, туку јас навистина не можам да ги сфатам овие политички гимнастики кои што ги прави опозицијата кај нас од аспект на сеење страв и паника кај граѓаните. Тоа е неодговорно однесување, рече тој.

Мицкоски потенцираше Владите на СДСМ биле промигрантски, бидејќи во 2017тата година на владина седница усвоиле и донеле Национална стратегија, и преку министерството за социјална политика и труд и испраќале дописи до општините и барале соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови.

– Од друга страна ги разбирам затоа што ова е тема на која што тие мислат дека внатрешно ќе се мобилизираат, иако ако се вратиме наназад во минатото ќе забележиме дека практично политиката која што тие ја воделе и нивните Влади, е токму промигрантска, односно луѓе кои што воделе политика на интегрирање на мигранти. И тоа јасно го кажува националната стратегија од 2017тата година усвоена и донесена на владина седница од страна на тогашното министерство за социјална политика и труд, и врз основа на таа стратегија тие праќаат дописи во општините за да бараат соодветни места и локации каде што би се изградиле потенцијални кампови односно живеалишта на лица кои што се странски државјани и кои што би се интегрирале, читај мигранти, рече Мицкоски.

Премиерот рече дека не може да ги разбере „нивното неодговорно однесување, бидејќи сеат страв и паника кај одредена група граѓани“.

– А од друга страна ги разбирам поради проблемите внатрешни кои што ги имаат во рамки на структурата. Но исто така не можам да ја разберам нивната пи-ар стратегија бидејќи ова ќе им се удри толку силно од глава бидејќи ќе дојде март, април, ќе дојде јуни 2026, 2027, и ќе нема мигранти. И тогаш што правиме? На изборите повторно ќе треба да излезе во 2028 година пред граѓаните со јасен концепт што сме кажале, што сме направиле итн, рече тој.

Им порача на граѓаните дека нема никаков договор за прифаќање на мигранти, ниту пак како што рече тој ќе има такво нешто додека е тој претседател на Владата

– Сакам да испратам порака до граѓаните, дека таков тип на прифаќање, на мигранти, легални, илегални, бидејќи гледам сега семантика бараат во зборовите, кои што се било каков дел од договор дали со Обединетото кралство, или било каков друг договор не постои, ниту пак додека сум јас претседател на Владата ќе постои, нагласи Мицкоски.

Во однос на поднесената Резолуција во парламентот од пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски нагласи дека сето ова што го кажал до сега е содржано во таа Резолуција и ги повика пратениците од СДСМ да ја поддржат Резолуцијата. 

-Ние денеска во парламентот доставивме Резолуција со која што јасно кажуваме дека сето ова кое што сега го зборувам во воведот е содржано во Резолуцијата, и нормално со осуда за неодговорното однесување на опозицијата, па еве нека ја поддржат, рече е Мицкоски.