Реклама

Модернизација и дигитализација за поконкурентно земјоделство

Аларм од надлежните дека опасна онлајн група демне деца и кај нас во Македонија

Пензионерите на нозе – бараат отчет и смена на Трајкова за која тврдат дека е нетранспарентно избрана на функцијата

„One Stop Shop“ на Ќафасан за забрзано движење меѓу Македонија и Албанија

Митовски ги исполитизира и кравите – Советниците од ВМРО-ДПМНЕ бараат решение за проблемот

Мицкоски: Коридорот 8 ќе биде целосно завршен во 2029-та, автопатот Кичево-Охрид во вториот квартал од 2027-мата година

Хаос и протести наместо решение – Митовски не го прифаќа акцискиот план на ВМРО ДПМНЕ за проблемот со кравите

Избрана фирма која ќе го подготви проектот за решавање на депонијата Буково

Капиталните проекти со реализација од 70% – Владата гради, но и враќа стари долгови наследени од претходната власт

Во Македонија подобро се живее од пред три години, кога власта ја водеа СДСМ и ДУИ

Мицкоски: Алта банка ќе се продаде, сите шпекулации и невистини на опозицијата паднаа во вода

Домот за стари лица во Прилеп со нови идеи за подобрување на условите за своите штитеници

Македонија

Мицкоски: Нема да водиме мекотелна политика и дипломатија за пари како претходната влада, која го промени името и го лажеше народот

– Оваа Влада води стабилна политика, а не дипломатија за пари и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Оваа Влада води стабилна политика, а не дипломатија за пари и жолтици, како што правеше СДСМ седум години. Како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да ги знам крајот и исходот за граѓаните – рече денеска премиерот Христијан Мицкоски одговорајќи на новинарско прашање како ги оценува обвинувањата од опозицијата дека го кочи процесот на македонската евроинтеграција.

Според Мицкоски, ја видовме мекотелната евроинтергациска политика на претходната влада, која го промени името и го лажеше народот.

– Не знам дали треба да ги коментирам обвинувањата од опозицијата. Која опозиција? СДСМ? Мислите на оние што мислат да водат меѓународна дипломатска политика со коленичење, прифаќање бланко-листови, потпишување сѐ и сешто на грбот на македонскиот идентитет, асимилација за пари? Ние дипломатија за пари не водиме. Ние водиме стабилна политика, политика што граѓаните ја препознаваат и ѝ даваат поддршка. И јас како човек никогаш нема да влезам во каква било авантура, без однапред да го знам крајот, а тој да биде позитивен за граѓаните што ме гласале и не ме гласале и за оние што воопшто не излегле да гласаат. Толку многу работи седум години влада СДСМ и ДУИ, толку многу дипломатија за пари е аплицирана, што денеска ние мораме сето тоа да го коригираме на потешкиот начин. И коригираме чекор по чекор, малку по малку доаѓаме до многу поповолна позиција. Ние ја видовме нивната евроинтегративна политика: го променија името, го лажеа народот за бесплатно здравство, за квалитетно образование или не знам што. Застанавме поназад од кој било во регионот. Таква дипломатија за жолтици ние нема да водиме. Ние ќе водиме стабилна политика, политика што ја препознаваат граѓаните, ја поддржуваат и сѐ додека ја поддржуваат, ние ќе се бориме да ја оправдаме таа поддршка – потенцира премиерот одговорајќи на новинарски прашања по седницата на Комитетот за јавни инвестиции.

Реклама

Оној момент, дополни, кога граѓаните нема да ја поддржуваат владината политика, тоа ќе го покажат на избори.

Во врска со иницијативата на ДУИ за уставните измени, премиерот одговори дека оваа партија имаше можност тоа да го стори кога беше во владата. Според него, ДУИ има кадровски и програмски проблем на кој треба да поработи.

– Дваесетина години беа во владата. Би ги советувал да се посветат на кадровскиот и на програмскиот проблем, да го решаваат, а државните проблеми ќе ги решава Владата што има легитимитет од граѓаните – посочи Мицкоски.