Реклама
Македонија

Мицкоски: Не се договарам со луѓе кои сакаат да го видат мојот крај

Враќањето на  Артан Груби не е политички договор, дециден е Мицкоски. Со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Враќањето на  Артан Груби не е политички договор, дециден е Мицкоски. Со денови опозицијата пласира теории дека власта го договорила апсењето на поранешниот осомничен вицепремиер, но денеска од собраниската говорница не се одважија да прашаат директно дали тоа е вистина. Наместо тоа, опозицските пратеници ја напуштија собраниската сала, а прашања поставуваа народните избраници од мнозинството.

  • ..„Уверуваат од прес-конференции, како балерина пред огледало кога е сама, притоа кога треба да има натпревар, и овдека да се соочите, тие не ги поставуваат прашањата. Еве ние ќе ги поставиме. Дали имало договор Артан Груби да биде пуштен? Дали и како реагирате на обвинувањата со цел СДС дека сте се договориле да се врати? Значи прво да го пуштите, и потоа да се врати“- праша Љупчо Пренџов – пратеник од ВМРО-ДПМНЕ.

Мицкоски ги отфрла обвинувањата на опозицијата дека власта постигнала договор со поранешниот вицепремиер Артан Груби. Тоа за него е политички инженеринг без логика и основа. Бегалецот е обезбеден од органите на редот, сè понатаму е одлука на друга власт – судската власт и  тоа нема врска со Владата, рече Мицкоски.

  • „И по некоја чудна логика излегувам како претседател на Владата и се договарам со овие кои сакаат да го видат мојот политички крај, а дел од нив и човечки. Мислам дека нема никаква логика“, рече премиерот.

Според Мицкоски, вознемираност во опозицијата има бидејќи се плашат што може да покажат истрагите кои се водат не само за Груби и лотарија, туку и за зпаленетата марихуана.

Реклама
  • „И сега секој од нив се преиспитува што знае ова лице. И сега тоа ги буши. И сега се викаат јас, вака и вака правев, па да не се прошири делото – од лотарија да прејдеме во здравство, или пак можеби нешто поврзано со вториот дел од вашето прашање. Сега се да ти се вознемирени. И размислуваат, и совеста работи, грижата како може сето да заврши, бидејќи повеќе го нема Љупчо Коцевски, ги нема луѓето околу Љупчо Коцевски да бидат нивниот последен штит, сега ќе дојде нов, независен обвинител, или обвинителка, ќе видиме и тука очекуваме правдата да биде заштитена“ рече Мицкоски.

Во меѓувреме, Груби со одбраната ги анализираат доказите кои полицијата ги собра за него за проневера во службата. Полициски службеници го обезбедуваат 24 часа во станот во Чаир, а така ќе остане освен ако не ја прекши мерката. Само во таква ситуација, обвинителството може да побара тој да се врати во Шутка.

Сомнежите се дека тој како прв вицепремиер ставил потпис за набавка на ВЛТ апарати за Државна лотарија за кои воопшто немало потреба да се набавуваат со што направиле штета од над 8,2 милиони евра.