Реклама

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Во Прилеп промовиран Центарот за е-услуги

Трка со времето за ново срце – триесетина пациенти чекаат телефонски повик за спас

Над 200 овци кај кои беше потврдена овча сипаница се еутанизирани и закопани

Филмскиот фестивал „Преку езерото“ преку уметноста и културата до поддршка на туризмот

Собранието оддаде почит на жртвите од Сребреница

Побрз транспорт на стока во ЕУ преку Хрватска

ВМРО-ДПМНЕ фрли ракавица на СДСМ и Левица: Ќе прифатат се што ќе понуди опозицијата, само да гласа дијаспората

Николоски: Работиме на железничко поврзување на Македонија со Албанија и воведување меѓуградски возови

Ниски политички удари во Собранието- Битиќи ги навреди сметководителите, во обид да ја омаловажи министерката за финансии

Рекорден раст – речиси два милиони патници на македонските аеродроми во првите шест месеци од годинава

Македонија

Мицкоски: Намалувањето на ДДВ го дава очекуваниот ефект, во понеделник очекувам поевтинување на бензините и евентуално мало зголемување на дизелот

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник  бензините да поевтинат за два денара,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски очекува во понеделник  бензините да поевтинат за два денара, а дизелот евентуално да се зголеми за половина денар. Во изјава за медиумите, Мицкоски денеска рече дека мерката за намалување на ДДВ-то за горива го дава очекуваниот резултат.

– Многу внимателно ја следиме состојата со цената на нафтата на светските берзи. Врз основа на нашите пресметки очекуваме во понеделник за околу два денари намалување на цената на бензините и иста цена или за половина денар повисока цена на дизелот така што намалувањето на ДДВ-то директно имплицира позитивен ефект, рече Мицкоски за медиумите по настанот „Youth Vision 2030: Western Balkans, Stability & AI in Education“ што се одржува во Скопје. 

Вели дека Владата ќе ја следи состојбата и следнава недела и доколку има потреба ќе биде продолжена мерката за уште две недели или евентуално ќе се оди со нова мерка со акцизите. 

Реклама

Според Мицкоски, не се бележи намалување во користењето на гориво, а потрошувачката во пограничните делови од државата е зголемена односно како што посочи конзумот сега е поголем – околу 200 илјади литри дневно. 

– Сега за сега состојбата е стабилна и нема потреба од рестрикции. Намалувањето на ДДВ-то ја намали цената на горивата, рече Мицкоски.

Во однос на коментарите од опозициската СДСМ за падот на индустриското производство, Мицкоски рече дека точно е тоа дека има намалување, но вели тоа се должи на блокадата на транспортерите.

– СДСМ го изгуби кредибилитетот многу одамна така што ги молам граѓаните и вас медиумите со доза на внимателност да ги следиме пораките што доаѓаат оттаму бидејќи имаат за цел да не наведат на погрешна патека. Зборуваа дека 2025 година ќе банкнотираме и дека државата е пред колапс, а ние сме меѓу првите пет според растот на економијата во Европа. Точно е дека имаме мал пад на индустриското производство поради протестот на камионџиите, но тоа се ќе се надополни во месеците што следат така што се чудам зошто не го коментираа растот во туризмот, градежништвото… Секаде имаме раст, само тука мал пад, рече Мицкоски.