Реклама

Ерџан Демир нов министер без ресор

Собранието ја изгласа реконструкцијата на Владата – избрани осум нови министри

„Преку Езерото“ го раздвижи Дојран како никогаш досега – локалната власт ќе ја прошири поддршката за фестивалот

Нови авио-правила од 2027: бесплатен рачен багаж и до 600 евра за задоцнет лет

Мисајловски: Реконструкција и градежна офанзива во повеќе касарни

Откако се „потрошија“ водејќи инает со власта за изборните правила, СДСМ и Левица се испокараа меѓу себе

Нов случај на врсничко насилство – девојче од Куманово тепано и понижувано

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Македонија

Мицкоски: Највредната работа што може еден човек да ја остави на своите потомци е честа и чистиот образ

Македонија е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија е една од најбрзорастечките економии во Европа со четвртиот највисок економски раст на БДП. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ задоволен од сработеното на неговата влада досега, ги соопшти позитивните придвижувања во економијата на вчерашниот јубилеј по повод 35 годишнината на ВМРО-ДПМНЕ. Тој вели дека Владата се соочила со бројни предизвици и преземала одговорност кога економијата беше во криза за да работи на санирање на штетите од минатото, на создавање стабилна и предвидлива економија, на отворање на нови работни места, подобрување на услови за сите работници, посебно младите, земјоделците и пензионерите.

Мицкоски потенцираше дека многу сериозно ја сфаќа функцијата и дека  несовесното седење во фотелјата секогаш носи срам и разочарувања, а достојното пријатели и вистински поддржувачи. Според него, највредната работа што може еден човек да ја остави на своите потомци е честа и чистиот образ. Тој посочи да функционерите од владејачката гарнитура не треба да заборават од каде потекнуваат, и каде ќе се вратат.

„Најскапата работа што еден човек може да ја остави на своите потомци, не се парите, не е имотот, туку честа и чистиот образ. Како што мудро знаат нашите да кажат, не смеат функционерите да заборават дека: макадамот по селата и улиците е повистински, и поавтентичен и помек од килимот по хотелите и канцелариите, заради реалноста која ја има во себе и чекорот на своите сограѓани кои чекорат по него, а фотелјата е секогаш понеудобна од гајбата пред кооперација, заради тоа што таму извира твојата моќ и твојата цел“ – вели Мицкоски. 

Реклама

Мицкоски зборуваше и за начинот на кој Владата ја води надворешната политика. Тој укажа дека надворешна политика е принципиелна и се темели на заштита на заедничка историја, култура и идентитет. Мицкоски потенцираше дека целта на Владата е да изгради општество кадешто ќе нема привилегирани, туку ќе има правда за сите граѓани. Тоа меѓу другото, додаде дека значи и дека безмилосно ќе се реагира кој секој што ќе ја злоупотреби довербата на народоот.