Реклама
Економија

Мицкоски најави нови инвестиции

250 милиони евра директни странски инвестиции. Две компании ќе ги прошират капаицтетите,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

250 милиони евра директни странски инвестиции. Две компании ќе ги прошират капаицтетите, а една нова е пред конечна одлука за влез во Македонија.

Премиерот Христијан Мицкоски открива дека преговорите се во финална фаза, а станува збор за компанија која доаѓа од земја членка на ЕУ и во земјава треба да инвестира 150 милиони евра

Преговараме со три можни нови инвестиции. Две се од веќе постојните производни капацитети – проширување на нивното производно портфолио, големи ќе бидат и значајни за домашниот производ. Второ, преговараме со една голема компанија, инвестиција во вредност од 150 милиони евра, во потесен круг сме со една голема европска земја која што е членка на ЕУ. Ние и тие се бориме, сега сме во фотофиниш, ако се биде како што треба се надевам дека во септември веќе ќе можеме и таа да ја објавиме. Заедно со овие двете проширувања ќе имаме отприлика уште четвртина милијарда евра нови инвестиции до крајот на годината, вели Премиерот.

Реклама

Растот на инвестициите ќе ја придвижи економската активност и ќе отвори нови работни места, а со зголемување на продуктивноста и конкуренцијата треба да се зголемат и платите на сите работници.

Сојузот на синдикати пак од друга страна бара покачување на минималецот на 450 евра. Премиерот се согласува дека раст на платите е неопходен но вели дека не треба да се брза, посочува дека во моментов Министерството за финансиии постапува според закон, и ги повика синдикатите да не потклекнуваат на политички притисоци, а разговор со нив најавува наскоро.

„Ги повикувам членовите на синдикалната организација да не наседнуваат на политички кампањи во рамки на истата, ние сме Влада која набрзо ќе разговара со сите синдикални организации и тука немаме никаков проблем. Јас ја разбирам потребата од зголемување на платите, секој од нас живее од плата, ние не живееме од провизии, криминални тендери, трговски центри, фабрики за марихуана и слично“, рече Мицкоски.

Моментално државната каса не дозволува маневар за да може да се одвојат дополнителни парични средства за поголеми плати на админ, оти како што велат од Владата минатата власт го оставила Буџетот во катастрофална состојба, и треба да се исплататат обврските кои биле доспеани а претходната Влада не одвоила пари за нив.

Инаку, премиерот Мицкоски вети дека нема да има покачување на функционерските плати, за што се подготвува законско решение кое наскоро ќе се најде пред пратениците.