Реклама
Македонија

Мицкоски најави можност за договор за слободна трговија со САД и укинување на царините

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на Алфа рече дека царините од 33%…

Сподели:

Премиерот Христијан Мицкоски во гостувањето на Алфа рече дека царините од 33% што ги воведе САД биле очекувани, бидејќи тоа било најавено уште при инаугурацијата на Доналд Трамп. Премиерот објасни дека владата ќе продолжи со преговори за можноста за потпишување договор за слободна трговија со САД, што би го зајакнало стратешкото партнерство помеѓу двете земји.