Реклама

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

„Колегиум“ на Алфа ТВ стартува утре – дебата без ракавици

Младите да останат дома – општините со мерки против иселувањето и белата чума

Сè помалку ученици, сè поголема демографска грижа – клучот е во образованието

Федерација на фармери: Се мачиме, ќарот оди кај трговците, а граѓаните плаќаат прескапо

Драматична ноќ на Пелистер, се брани Националниот парк од огнената стихија – повреден работник кој скокнал од булдожер

Исланд ѝ сврте грб на ЕУ, сериозен удар за политиката на проширување

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Македонија

Мицкоски најави иницијатива за разрешување на Судскиот совет, Камбовски е отворен за соработка

Треба да се удри директно по чело – премиерот Христијан Мицкоски и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Треба да се удри директно по чело – премиерот Христијан Мицкоски и официјално бара разрешување на пет членови на Судискиот совет, како прв голем, чекор за реформа на правосудниот систем. Иницијативата оди преку пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, која со поднесување на интерпелации во Собранието бара на овие членови, кои се поставени од пратениците, да им изгласа недоверба. Според премиерот, барањето е поднесено поради тоа што судско-обвинителскиот систем кај нас се претворил во едно мочуриште кое изобилува со контроврзии и со скандали. 

Последниве месеци премиерот дискутирал со пратеници и експерти за да се најде решение за очајната состојба на македонското правосудство и да се врати довербата на граѓаните во судскиот систем. Тој е свесен дека Собранието нема законска можност директно да ги разреши петте членови на Судскиот совет, но очекува дека тие од морални причини сами ќе се повлчеат доколку законодавниот дом им изгласа недоврба. Во спротивно, Мицкоски најави дека ќе се употребат и други механизми.

По оваа најава, експресно стигна ракција од претседателот на Судски совет Александар Камбовски кој најави дека е подготвен да разговара со претставниците на извршната и законодавната власт за да се реши проблемот. Но нагласува дека само советот може да разрешува членови.

Реклама

Идниректна поддршка за оваа иницјатива стигна од лидерот на СДСМ, Венко Филипче кој вели дека се согласува дека е потребна темелна реформа на правосудниот систем, но смета дека за тоа е потребен широк политички консензус. Според него, поотребен е национален и натпартиски пристап кој што ќе обезбеди реформи согласно европските препораки.

Интерпелациите се однесуваат на петте членови на Судски совет – Весна Дамева, Селим Адеми, Тања Чочоровска Илиевска, Павлина Црвенковска и Миљазим Мустава, кои важат за блиски до мината власт, и кој се посочемни како главен проблем за реформи во ова тело. Најконтровезна е експретседателката Весна Дамева која е фотографирана со поранешниот премиер и лидер на СДСМ, ЗОран Заев.

Двајца од нив од стручни соработници со поддршка на СДСМ седнаа на највисоките столчиња во советот. Други, двајца, пак во Судски совет дојдоа од Секретаријатот за спроведување на Рамковниот договор каде со години се вработуваат кадри на ДУИ. И за последната најново влезена во Судски совет, Чочоровска Илиевска излегоа информацици дека била спонзор на СДСМ.