Реклама

Божиновска од Глобочица: Секој вложен денар во хидроелектраните носи повеќе домашна енергија и поголема сигурност

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Економија

Мицкоски на Светскиот економски форум во Давос – предвидени се многубројни состаноци за презентирање на можностите за инвестирање во Македонија

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски, придружуван од висока владина делегација, учествува на 56. годишен состанок на Светскиот економски форум (WEF) во Давос, Швајцарија. На форумот во швајцарскиот зимски центар, кој годинава се одржува со мотото „Во духот на дијалог“, ќе има 3.000 учесници, вклучувајќи 65 шефови на држави и влади и повеќе од 850 извршни директори на водечки светски компании.

– Следниве денови ќе имаме многубројни состаноци, кои очекуваме значително да влијаат на подобрување на економската состојба и привлекување голем број инвестиции. Учесник ќе бидам на три панели на кои ќе ги презентирам можностите за инвестирање во Македонија, истовремено ќе оствариме и многубројни билатерални средби со многу компании од светот. Очекувам плодни резултати, успешни состаноци и успешна посета во Давос – објави премиерот Мицкоски на својот фејсбук-профил. 

Видеото може да го погледнете на следниот линк:

Реклама

Мицкоски ќе оствари серија билатерални средби со претставници на водечки светски корпорации и финансиски институции презентирајќи ги поволностите за инвестирање во македонската економија, со посебен фокус на енергетиката и технологијата.

На панел-дискусиите поврзани со одржливиот развој, во кои ќе учествува македонската делегација, како што информираат од владината прес-служба, ќе ги презентира стратешките планови за енергетска трансформација и инфраструктурно поврзување на регионот.

За време на самитот, премиерот Мицкоски е предвидено да учествува на затворени сесии за лидери, како и на јавни дебати фокусирани на вештачката интелигенција, енергетиката и новите патишта за економски раст во Европа.

Владината делегација во Давос ќе има средби и со високи државни претставници и претставници на меѓународните организации со цел забрзување на реформските процеси и обезбедување поддршка за клучните национални проекти.

Официјалната програма на Светскиот економски форум почнува денеска. На денот на отворањето говори ќе имаат претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, францускиот претседател, Емануел Макрон, и кинескиот вицепремиер, Хе Лифенг.

Во Давос утре доаѓа и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ќе биде главен говорник на форумот. Трамп ќе биде придружуван од неколку високи американски функционери, вклучувајќи го и секретарот за финансии, Скот Бесент.