Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски на средба со менаџментот на германскиот гигант „Шварц груп“, разговарале за инвестиции и отворање нови работни места во земјата

Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Како што информира премиерот на социјалните мрежи, разговарале за нивните планови за инвестиции, отворање нови работни места и модернизација на трговскиот сектор во нашата земја.

– Ги отвораме вратите за домашните компании да ги пласираат своите производи во големите европски синџири.

Продолжуваме да разговараме и привлекуваме реномирани светски компании, кои веруваат во потенцијалот на нашата држава! – напиша Мицкоски на „Фејсбук“.

Реклама

Премиерот Мицкоски од денеска престојува во повеќедневна посета на Сојузна Република Германија, каде што учествува на 62. Минхенска безбедносна конференција, на која, како што соопшти владината прес-служба, ќе ја реафирмира определбата на државата за предвидлив и фер процес на интеграција во Европската Унија, без дополнителни билатерални условувања.

Мицкоски е придружуван од министрите за одбрана, Владо Мисајловски, за надворешна политика и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, и за внатрешни работи, Панче Тошковски.

Во рамките на конференцијата шефот на Владата ќе оствари повеќе билатерални средби со европски лидери, високи претставници и раководители на меѓународни безбедносни институции. Разговорите, како што информираат од Владата, ќе бидат фокусирани на регионалната геополитичка стабилност и улогата на Македонија како фактор на стабилност на Западен Балкан и активен член на НАТО.

На маргините на Минхенската безбедносна конференција се планирани и средби со високи претставници на Европската Унија, како и со шефови на држави и влади, најави владината прес-служба.

Целата објава може да ја погледнете на следниот линк: