Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Македонија

Мицкоски: На овие избори има две опции нереформираните СДСМ-ДУИ-Левица и ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која е за развој и напредок

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Зелениково истакна…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот и претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на митинг во Зелениково истакна дека политичките противници СДСМ – ДУИ и Левица не извлекоа поука од поразот на минатите избори, дека тие се нереформирани и заробени во минатото, а дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата е за развој и напредок на државата.

– Политичките противници не извлекоа резултати од претходните избори и продолжија по она старото како до сега. Така и се однесуваат во оваа кампања за мене можеби малку чудно, несвојствено од првиот ден на почетокот на оваа кампања почнаа со црна кампања со напади врз мене, врз луѓето кои се дел од раководството на партијата врз кандидатите и идни градоначалници со ниски страсти еден од перјаниците на таа кампања на СДСМ денеска ќе напише дека голем штос во оваа кампања би било да го најдат исецкано моето тело во оние куфери кои што се обидоа неколкумина да ги постават во близина на штабот на ВМРО-ДПМНЕ, а потоа да пријават дека има подметнато бомба во текот на вчерашниот ден. И на тој начин тие мислат дека ќе не оттргнат од реалните проблеми, дека ќе не оттргнат од планот и амбицијата кој што ја имаме да испорачаме за граѓаните бидејќи нашето место е овде пред граѓаните и за граѓаните. Има политичари кои живеат од Македонија и од граѓаните и има политичари коишто живеат за Македонија и граѓаните, нагласи Мицкоски.

На овие локални избори има две понуди едната опција СДСМ-ДУИ и Левица, а другата опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, трета опција нема.

Реклама

– На овие избори имаме такви две понуди секој кој мисли дека има трета опција се лаже. Од една страна имаме полуформална коалиција СДСМ-ДУИ и Левица а од друга страна е коалицијата којашто ја предводи ВМРО-ДПМНЕ односно коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ со народот. Првата опција на СДСМ – ДУИ и Левица е понуда која што се обединила исклучиво поради еден интерес, а тоа е повторно со трик, лага конструкција да се обидат да дојдат на власт и потоа да уживаат од она коешто граѓаните го создаваат во државата. На грбот на граѓаните и Македонија. Втората причина е патолошкиот гнев кој го имаат кон ВМРО-ДПМНЕ.  Првата опција е нереформирана, втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата која изминатите 15 месеци покажа и докажа дека со напорна работа и чесна работа дека голем дел од децениските проблеми успева да ги реши, кажа Мицкоски.

Ги повика граѓаните на 19 октомври да гласаат за број 9 за јасен план и јасна визија за напредок на Македонија.

– Изминатите 15 месеци понудивме план и визија како да ја развиваме Македонија. Или ќе избереме опција во која што се враќаме назад опција која Венко Димче и Ахмети ќе не врати назад во минатото или ВМРО-ДПМНЕ која има јасна визија план како да се бори за секое едно семејство, за секој млад човек. На 19 октомври да гласаме за бројот 9, заклучи Мицкоски.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата вечерва имаат митинзи и во Центар и во Кисела Вода.