Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски најави реализација на три водоснабдителни системи – инвестиција вредна 80 милиони евра, наменета за 80.000 домаќинства

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Карбинци најави дека оваа година…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски денеска од Карбинци најави дека оваа година ќе се инвестира во три водоснабдителни системи, односно станува збор за проектите Страиште, Пепелиште и Лисиче.

Инвестицијата е околу 80 милиони евра, а е наменета за 80.000 домаќинства. Во одговорот на новинарско прашање премиерот Мицкоски наведува дека станува збор за проект  финансиран од германската КФ банка. Посочи и дека оваа инвестиција била заглавена, бидејќи, како што рече, претходната влада сакала да наметне свое кадровско решение. 

– Откако беше заглавено, затоа што претходната влада сакала да наметне кадровско решение кое ќе ја води таа институција, па било сопрено финансирањето, бидејќи тоа кадровско решение било некомпетентно, оваа година отпочнуваме со реализација на три вакви водоснабдителни системи, рече Мицкоски.

Реклама

Тој истакна дека трите проекти се за водоснабдување и за земјоделските површини, но и за други типови на техничка употреба на оваа вода. Забележа дека овој проект бил заглавен со години, а граѓаните плаќале камати за тоа.

– Штета што е таков законот, каков што е. Штета што го избришаа Кривичниот законик. Инаку ова е директно на штета на граѓаните и се платени стотици илјади евра за камата. Зошто? Затоа што некој имал фрустрација дека неговиот предлог за кадровско решение не бил поставен на чело на таа институција и затоа не ја активирал таа институција, но каматите си течеле и граѓаните ги плаќале тие камати и ќе мора да се изнајде начин како да се повикат на одговорност овие луѓе, коишто одлучувале поради својата фрустрација да ги трошат народните пари безмилосно, порача Мицкоски.