Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Мицкоски: Македонија забрзано се трансформира, ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа на локалните избори

Од денес во наредните два дена ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ и КАС одржуваат…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Од денес во наредните два дена ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ и КАС одржуваат обука за кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ и членовите на ИК на партијата на тема одржлив локален развој за подобра иднина.

Обуката ја отвори претставникот на КАС за Македонија Даниел Браун и раководителот на ПИАЦ на ВМРО-ДПМНЕ Светислав Васев.

Свое обраќање на настанот имаше и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и премиер Христијан Мицкоски, кој пред присутните кажа дека ВМРО-ДПМНЕ очекува огромна победа на локалните избори на есен, која ќе значи поголем број на општини, потенцирајќи дека тенденцијата е СДСМ да остане и без ниту една општина.

Реклама

Мицкоски, сопштуваат од партијата, кажа дека Македонија забрзано се трансформира, во таа насока кажа дека бројот на туристи во државата се зголемува, индустриското производство расте, бројот на капитални инвестиции и одобренија за градби е зголемен.

Претседателот истакна дека цел на Владата на ВМРО-ДПМНЕ е да го заврши овој мандат со номинален БДП на Македонија од над 20 милијарди долари, тоа ќе значи посилна економија и побогати граѓани, а кон тоа ќе придонесат сите инвестиции, како државни, така приватни, но и странски, а кои се случуваат заради подобрата бизнис и политичка клима.