Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Македонија

Мицкоски: Македонија се соочува со сериозен проблем со демографијата, мора да размислуваме за иднината

Македонија се соочува со сериозен проблем во однос на демографијата – смета премиерот Христијан Мицкоски. За 20-25 години, оценува, можеби 150.000-250.000 луѓе ќе ѝ недостигаат на државата, а тој празен простор ќе мора некој да го пополни. Затоа, според него, мора да размислуваме за иднината. – Треба да се прават анализи и да се размислува […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија се соочува со сериозен проблем во однос на демографијата – смета премиерот Христијан Мицкоски. За 20-25 години, оценува, можеби 150.000-250.000 луѓе ќе ѝ недостигаат на државата, а тој празен простор ќе мора некој да го пополни. Затоа, според него, мора да размислуваме за иднината.

– Треба да се прават анализи и да се размислува неколку децении однапред со цел потентните млади луѓе да останат и да придонесуваат за македонската економија. Апсолутно, ќе дојде време, можеби не сега, но за 15, 20, 25 години комплетно да се смени демографската слика во Македонија. Јас ценам дека од денешна перспектива, за 15, 20, 25 години можеби 150-250 илјади луѓе ќе ни недостигаат во Македонија. Каде е проблемот? Тоа е еден синџир. Ако Европа има проблем со демографијата, а има поголем и од нашиот, тогаш дел од нашиот потенцијал оди таму. Без разлика на понатамошниот нивен развој како личности и како луѓе итн., тие создаваат празен простор овде. За да може оваа економија да се развива, ќе мора некој да го пополни тоа и логично е од трети земји, луѓе, работници, да дојдат и да го пополнат тој празен простор што ќе го оставаат тие што ќе заминат во Западна Европа. Така што, ако во Западна Европа демографската слика се подобри и влеземе во состојба 2,1 фертилитет, тогаш потентните млади луѓе ќе останат тука и ќе ја контрибуираат македонската економија – потенцира Мицкоски во поткаст.

Тој исто така потенцира дека и покрај тоа што ова е многу важна тема за натамошниот развој на државата, кога зборува за семејство и демографија, често е исмејуван и навредуван од страна на, како што рече, одредени структури, кои се талог на општеството, но кога се води држава и се сака да се остави трага, мора да се размислува и да се анализира долгорочно.

Реклама

– Jас кога зборувам за семејство, кога зборувам за демографија, има одредени структури во општеството, јас ги нарекувам талог на општеството, кои ме исмејуваат, ме навредуваат, пишуваат лошо за мене итн., но тоа, едноставно, е иднината. Ако вие денеска не размислувате што ќе биде за 50, 75, 100 години, вие не треба да се занимавате со оваа работа, барајте си друга работа, работа која е ден за ден и терајте. Ако веќе ја водите државата, ја водите Владата, вие морате сите аспекти да ги анализирате неколку децении однапред ако сакате да бидете човек што ќе остави трага. Ако сакате да бидете медиокритет во политиката, а за жал, имало многу кај нас, тогаш ќе се доведеме до оваа ситуација – нагласи Мицкоски.