Реклама

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Економија

Мицкоски: Куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека куповната моќ со…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска од собраниската говорница порача дека куповната моќ со сегашната минималната плата во Македонија е повисока од сите земји во соседството, освен Грција. Според него, минималната плата треба да се зголеми, но тоа треба да биде резултат од разговорите и дијалогот меѓу работниците и работодавачите. 

Мицкоски оцени и дека грубо се манипулира со бројки за зголемена минимална плата во соседството зашто таму се зборува за бруто, а кај нас за нето што е голема разлика.

– Грција има нешто повисока куповна моќ со минималната плата, а ние имаме повисока од Бугарија, Албанија, БиХ, Црна Гора, Србија, Косово. Од 27-те земји каде е регулирана минималната плата, ние сме за 10 или 11 од нив со повисока куповна моќ. И да, тоа не е доволно, треба повеќе, не велам не, но тоа е резултат на разговорите и дијалогот меѓу работниците и работодавачите. Владата е тука да го фасилитира тој процес. Ние немаме подготвителни состаноци со овие две страни за Економско-социјалниот совет да изгледа како убава политичка парада. Напротив. Имаме жесток дијалог и така ќе продолжиме да функционираме. Ние како Влада можеме да дадеме 250 милиони субвенционирани кредити на стопанството за во услови на криза да биде стабилно и да креира работни места и тоа го направивме. Можеме со работа да генерираме економски раст во третиот квартал 3,8 отсто реален и 10,2 номинален во однос на нашиот БДП. Прва е Ирска, втора Црна Гора, Данска е трета, а ние со Кипар заедно имаме 3,8, рече Мицкоски, одговорајќи на прашање што му го постави пратеничката Емилија Ангелова од ВМРО-ДПМНЕ.

Реклама

Како што напомена премиерот, и во однос на минималната плата граѓаните треба да одлучат дали ќе веруваат на политички памфлети или ќе му веруваат на Евростат.

– Дали треба повеќе? Да, треба. Ја сум првиот што тоа ќе го поддржи и вели: да, треба. Треба да биде најмногу. Ако гледаме од себични причини, Владата може да побара од Собранието минимнална плата од 700 евра и да профитира, но дали бизнисот и економијата тоа можат да го издржат? Тоа е прашање што работниците и работодавачите треба да го одговорат. Затоа ние велиме, во дијалог да си го одговорите тоа прашање, ние само можеме да помогнеме во тој процес, подвлече Мицкоски.