Реклама
Прилози

Мицкоски: „Костал“ следната година ќе инвестира нови 30 милиони евра и ќе бидат отворени 200 нови работни места

Иако европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација,Костал Македонија…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако европскиот пазар и автомобилската индустрија во моментов се во стагнација,Костал Македонија подружница на германскиот гигнат,продолжува да се развива во државава.Идната година компанијата ќе инвестира над 30 милиони евра,проширувајќи го порфолиото со нови клиенти и производна програма,што ќе овозможи 200 нови вработувања. Според проекциите,до крај на 2027-ма година се очекува и зголемување на извозот како и обрт на капиталот поголем од 300 милиони евра.Тоа ќе ја позиционира Костал Македонија како една од трите најголеми фабрики извозници во македонската индустрија.

Европската индустрија е во стагнација но ќе имаме и победници,но некогаш и некои компании кои нема да успеат да се снајдат надобро во она што се случува во автомобилската индустрија.Но фактот што ние продолжуваме со инвестирање и одиме понатака, значи дека ова е добра, успешна и правила одлука што сме ја донеле како компанија за да се развиваме во Македонија.Така да,заради  тоа што една или две компании планираат да ја напуштат државата не значи дека другите компании нема да се развиваат понатака или нема да дојдат  нови компании кои преку Македонија ќе дојдат за еврпскиот пазар -вели Виктор Мизо,Генерален менаџер на Костал

Во услови кога две поголеми странски компании кои со години работат во ТИРЗ зоната Бунарџик,идната 2026-та најверојатно заминуваат од Македонија,поради глобалната криза во автомобилската индустрија,импресивен е напредокот на Костал.Новиот инвестициски циклус значи многу за државата,а Владата е тука да помогне во реализација на целите кои ќе донесат прогрес, истакна премиерот Мицкоски.Тој најави и нови инвестиции.

Реклама

 Ќе има компании кои што се отвараат, ќе има компании кои што се затвараат и домашни и странски и тоа не треба да се сфаќа како нешто што претставува крај на светот.,Ние како Влада се обидуваме и успешни сме во тоа да привлечеме што е можно повеќе компании.Веќе имаме неколку кои што се во процес на завршување на преговори.Очекувам до крајот на годината 4 или 5 компании веќе да потпишат договори со Владата– вели Премиерот Мицкоски

Владата преговара со 4 до 5 нови компании кои доколку влезат во Македонија, ќе креираат над 1000 работни места.Со поддршката на Влада би рекол дека сме едни од најконкурентните земји во Европа,истакна премиерот Мицкоски.Развојот на Костал е позитивна вест, не само за охридско-струшкиот регион туку за целата држава  и поттик за други компании да се фокусираат и да ја користат Македонија во целиот свој процес на експанзија.Инаку германската компанија Костал постои 100 години,а работи во 17 земји меѓу кои и Македонија.Во поранешните погоди на ЕМО,Костал го стартуваше производството на автодели пред 9 години.