Реклама

Туризмот расте – целите за 2030 постигнати четири годано порано, се најавуваат нови чартер летови до Охрид

Енергетска криза во Европа – експертските поддржуваат активирање на сите домашни капацитети за стабилни цени во Македонија

Семакедонска средба во Штип – борбата за идентитетот и правата продолжува

Изградбата на автопатот Кичево-Охрид оди според планот, се најавува негово пуштање во мај следната година

Реформите во заврша фаза- Македонија во очекување на нови милиони евра од ЕУ преку Планот за раст

Се проширува достапноста на услугите на Алта банка – од понеделник се отвора експозитура во Прилеп

Костадиновски: Во 2023 година ѝ беше нанесен тежок удар на правната држава, се надевам грешките ќе бидат исправени

Мицкоски: За разлика од СДСМ и ДУИ кои се самоамнестираа, предлагаме закони кои ќе важат и за нас

Мицкоски: Состојбата во Европа е жестоко алармантна, но ќе се трудиме да нема поскапување

Мерко ја полнел Општина Струга со „фантомски“ административци – Ќура дели откази

Прилепската болница ги подобрува условите и за предвреме родените бебиња

Продолжуваат сопките околу надзорната расправа за „Алта банка“ – ВМРО-ДПМНЕ бара да продолжи утре, Лукаревска закажа седница за буџетот

Економија

Мицкоски: Ќе заокружиме инвестициска активност од 700 милиони евра за бизнисот и граѓаните

Инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании најавува премиерот Мицкоски.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестициска активност од 700 милиони евра за македонските компании најавува премиерот Мицкоски. Компаниите на располагање ќе имаат средства под поволни услови – Не само од Унгарија, во Македонија ќе влезат пари и од Европската инвестициска банка  . 250-те  милиони од унгарскиот кредит се очекуваат веќе на есен да влезат во македонското стопанство откако во Собрание ќе биде изгласан законот кој треба да го изготви Министерството за финансии, а ќе има контролни механизми како се трошат парите. Во однос на 250 милиони евра кои ќе бидат наменети за капитални инвестиции во општините тие ќе ги добиваат само по добиена фактура за завршена работа и тоа на специјална сметка, со цел да се избегне можно трошење на парите за други цели наместо за капитални инвестиции :

Кажав дека не се само тие 250 милиони евра, имаме една кредитна линија која е на располагање, долго време не се користи, тоа се дополнителни 100 милиони евра од Европската инвестициска банка и како Влада, ја разгледуваме можноста да Владата ја плати каматата, да може бизнисот да го користи кредитот, односно главнината. Тоа се 350 милиони евра и ценам дека оваа помош, барем со уште 350 милиони евра дополнителни кои ќе дојдат од бизнисот, ќе заокружи една инвестициска активност од 700 милиони евра, што ќе влијае врз Бруто домашниот производ и ќе влијае на пазарот на труд, ќе отвори нови работни места“, изјави премиерот Мицкоски.

Елиминирање на сите слабости, исполнување на ветеното, борба против корупцијата, стимул на бизнисот преку парична поддршка и зголемување на извозот – ова се темелите на договорот меѓу Стопанската комора и новата Влада за работата во иднина.

Реклама

Инаку, стопанската комора денес одбележа 102 години постоење и во рамки на годишнината беа доделени награди на најуспешните компании, а награда доби и премиерот Мицкоски за градење партнерства  и заедничко дејствување за просперитетна Македонија.