Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

Мицкоски: Ќе се спроведе стриктна контрола и сите кои не ги исполнуваат законските услови ќе бидат затворени и соодветно санкционирани

„Жалам што досега се толерирале вакви практики. Жалам што луѓето во Министерството…

Сподели:

„Жалам што досега се толерирале вакви практики. Жалам што луѓето во Министерството за економија, иако добивале документи под полна материјална, морална и кривична одговорност, не ги проверувале екс оффицио, како што предвидува законот. Жалам што овие лиценци се издавале за 15 минути и за одредена сума, без да се исполнуваат законските услови. Ако можев да го вратам времето, би било сѐ поинаку, но за жал, тоа не е можно“, изјави премиерот Христијан Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања за безбедноста на ноќните клубови и кабареата.

„Сега тековно се спроведува акција од Државниот пазарен инспекторат ширум државата. Според Законот за угостителство, се лиценцираат кабареа, како и отворени и затворени дискотеки. Меѓутоа, бројката на клубови со легални документи е далеку помала од онаа која е незаконски активна. Според измените на Законот од 2007 година, правното лице што бара лиценца потпишува изјава под материјална, морална и кривична одговорност дека ги исполнува сите услови. Но, проблемот е што овие документи не биле проверувани екс оффицио.

Овој објект со повеќе од 500 квадратни метри не може да биде лиценциран како кабаре по ниту една основа. Дополнително, законски, за дискотеките треба да се плати поголем надоместок отколку за кабаре, но тоа не значи дека може да се одобри лиценца за објект кој не ги исполнува основните технички услови.

Реклама

Нема да дозволиме ниту еден објект кој не ги исполнува законските стандарди да продолжи со работа. Ние, како Влада, ќе спроведеме сериозна акција за затворање на сите клубови кои не ги исполнуваат условите и ќе бидат соодветно санкционирани“, истакна Мицкоски, додавајќи дека новите проверки се веќе во тек.