Реклама

Извештајот на ЕК е јасен: Македонија одлична во реформите, проблемот е „наследството“ од СДСМ и ДУИ преточено во Бугари во Устав

Меѓу лидерите во реформите, блокирани кон ЕУ поради уставните измени прифатени од СДСМ и ДУИ

Над 500 пензионери подигнале пари од Алта банка, денеска исплата на социјална помош

Двајца во притвор, еден во ќукен, еден во бегство по вчерашната полициска акција во Куманово

Владата бара купувач за Алта банка – Мицкоски тврди дека банката е во одлична финансиска кондиција

Историски најголема разлика помеѓу извозот и увозот, во државата влегуваат повеќе девизи

Мицкоски: Граѓаните да бидат спокојни, до денар ќе си ги добијат своите пари

Дождовите ја спасија есенската сеидба на житото, земјоделците чекаат да се засуши земјата за да влезат во нивите

Граѓаните кои немаат платежни картички, а имаат сметки во „Алта банка“, од денеска можат да си ги подигнуваат парите

Град Скопје ги ослободува младите брачни парови од плаќање комуналии за изградба на куќа

Полициски специјалци во акција во Куманово – Се разбива организирана криминално-лихварска група

Хаос на европското небо – лажни дојави за бомби го пореметија авиосообраќајот

Македонија

Мицкоски: Кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата беше достоинствена, очекуваме 45 градоначалници

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воделе достоинствена кампања во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски оцени дека ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата воделе достоинствена кампања во која испратиле суштински пораки до граѓаните, со јасна визија за управување со државата и општините. Тој изрази оптимизам за резултатите од претстојните избори, очекувајќи победа во првиот круг во повеќе општини, вклучително и во Скопје.

-Мислам дека ние како ВМРО-ДПМНЕ и коалиција имавме достоинствена кампања во која испративме суштински пораки со кои се обидуваме да објасниме како планираме да ја водиме и државата и општините. Кампања во која ја презентираме нашата програма и ценам дека генерално добро се претставивме пред граѓаните, рече Мицкоски.

Во однос на очекувањата од изборите, Мицкоски изјави дека очекува значителен успех на ВМРО-ДПМНЕ со освоени 45 градоначалнички места.

Реклама

-Ние секако ќе имаме повеќе гласови, споредено со гласовите што ги имавме во 2021 на советничките листи. Очекувам некоја бројка од 350.000 на советничките, и помеѓу 370.000 и 400.000 на градоначалнички. Очекувам дека ќе освоиме 45 до 50 градоначалници, изјави тој.

За кандидатот за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, Мицкоски е уверен дека победата е достижна уште во првиот круг.

-Очекувам да се заврши работата во прв круг. Последните анкети кои ги правиме на дневна основа, ценам дека сме многу блиску да го поминеме тој праг, Орце да влезе во првиот круг, и мислам дека е добро затоа што временската прогноза е сè уште поволна за да може да го реорганизира градот, грејната сезона, рече тој.

На прашањето во врска со наводите дека исходот од овие избори ќе доведе до предвремени парламентарни избори, Мицкоски одговори дека таквите толкувања се „плитка политичка порака“.

Мицкоски ги повика граѓаните да излезат в недела масовно и да гласаат по сопствено убедување, бидејќи, како што рече, ако не излезат да гласаат некој друг ќе профитира од сето тоа. Исто така упати апел да гласаат за политички партии кои можат да менуваат, а не за помали, кои како што посочи, практично се мала група кои профитираат врз основа на гласот на граѓаните.

-Убеден сум дека ако го слушааст разумот и срцето и ако се фокусираат длабоко во душата што им вели, тогаш убеден сум во огромно мнозинство ќе го заокружат бројот 9 и ќе ја поддржат коалицијата, која што ја предводи ВМРО-ДПМНЕ, истакна Мицкоски.