Реклама

Прилепска трагедија: Поради пожарите и невремето градот на тутунот може да остане без тутун

Кавги, поделеност, ужасно низок рејтинг: Филипче бега од избори како ѓавол од темјан, го чека катастрофален пораз и крај за него

Десет километри, пет тунели и девет мостови – по децении конечно почна изградбата на автопатот Скопје–Блаце

Нов судир во врвот на СДСМ: Ковачевски и Филипче на различни страни за Дата-центрите

Да си против дата центрите е исто како да си против изградбата на хидроцентралите пред 100 години

Јанчев: Пожарот на депонијата „Мелци“ е напад врз градот има индиции дека е подметнат

Првиот синдикалец Трендафилов „замина во илегала“: Никаде го нема да одговори на обвинувањата на вработените

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Економија

Мицкоски: Изградбата на патиштата е повеќе од одлично со оглед на очекувањата 

Со оглед на очекувањата – и повеќе од одлично, изјави премиерот Христијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со оглед на очекувањата – и повеќе од одлично, изјави премиерот Христијан Мицкоски прашан за темпото на изградбата на автопатиштата низ државава.

Одговарајќи на новинарски прашања денеска при посетата на општина Карбинци, тој кажа дека според последните информации, пуштен е во употреба дел од делницата Кичево – Охрид, кај Требениште, од три километри кој беше во прекин и каде што се правеше натпатник и мост. 

-Се работат проектите за стабилизирање на свлечиштата после тунелот кај Врбјани до Кичево, и кај Ботун. Таму  беа вицепремиерот и министер за транспорт и директорот на ЈП за државни патишта и снимија едно импресивно видео – првпат во Македонија се гради таков тип на објект и мислам дека ќе биде прекрасно за да се гледа, изјави Мицкоски.

Реклама
Премиерот Христијан Мицкоски денеска упати сочувство до настраданите и брзо закрепнување на повредените од несреќата во пожарот во бар во ски-центарот Кран-Монтана, Швајцарија.

Очекува, како што рече, „ да се држиме до датумите што ги дадовме“ и е оптимист дека или за 2 Август или за Денот на независноста, кога ќе се одбележат јубилејни 35 години, делницата од кичевски Извор до Охрид целосно да биде пуштена во употреба.

-Од Букојчани до Кичево тендерот е завршен, се прави евалуација на понудите, ставен е на брза трака и очекувам и тука да имаме напредок. Сите оние проекти со т.н. „Бехтел и Енка“, односно коридорите 8 и 10Д, околу 90 проценти се расчистени траси, имотно-правни односи, тоа што е обврска на државата е завршено, изведувачот напредува. Околу половина милијарда евра веќе се исплатени за тие проекти. Така што, сигурен сум дека се движиме во добра насока и им честитам на сите кои се вклучени во тие проекти, додаде претседателот на Владата одговарајќи на новинарски прашања во Карбинци.