Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски: Изградбата на автопатите е во согласност со планираното, Кичево – Охрид ќе се заврши со домашно финансирање 

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен од динамиката на изградбата на автопатските делници на Коридорот 8 и на Коридорот 10 д и најавува дека со обезбеденото финансирање од домашните банки за заокружување на автопатот Кичево – Охрид оваа делница ќе стане функционална.  

– Сите делници од Коридорот 8 се одвиваат во согласност со предвидената динамика. Моментно се работат галериите. Имавме мала тешкотија, морам да признам, особено во делот на обезбедувањето средства за довршување на делницата Кичево – Охрид затоа што заемот од кинеската Ексим банка повеќе не го добиваме, престана, но бргу се реорганизиравме. Тој проблем е надминат, формиран е еден синдикат од домашни банки со исклучително поволни услови и тие практично ќе го дозавршат финансирањето. Тоа ќе биде последно и со ова, конечно, таоваа делница ќе биде функционална – рече Мицкоски на новинарско прашање при посетата на Струга.

Исто така, дополни премиерот, напредува и делницата Тетово – Гостивар и Гостивар – Букојчани, а предаден е и извештајот до заемодавателите за делницата Букојчани, приклучок Кичево, на автопатската делница Кичево – Охрид. Во тој дел сум исклучително задоволен. Исто така, прилично солидно напредува и реализацијата на делницата Прилеп – Битола, која е дел од Коридорот 10 д – изјави Мицкоски. 

Реклама

Во однос на трасата на Коридорот 8, која помиува низ заштитено подрачје, Мицкоски рече дека одблиску ја следи состојбата и оти во јуни работите ќе бидат појасни, по посетата на инспекција на УНЕСКО на земјава.

– Што се однесува до трасата, ако не е таа, ние ќе најдеме решение со друга траса. Но тоа е повторно состојба во која не сме толку многу загрижени бидејќи има решение. Поголемо решение е со семејните судбини, кога семејствата не може да се развиваат, тука многу внимателно мора да пристапиме, а имаме и однесување во минатото, кое, за жал, е забележано тука во општина Струга, кое нанело непоправливи штети на имиџот на државата пред УНЕСКО – потенцира Мицкоски.

Тој очекува дека во втората половина на мај ќе пристигне инспекција на УНЕСКО, истакнувајќи дека лично ќе ги пренесе аргументите пред нив.

– Мислам дека во втората половина на мај треба да дојде инспекција од УНЕСКО. Јас лично ќе бидам нивен домаќин и лично јас ќе им ги пренесам аргументите што сега ги зборуваме. Ние мора ова да го развиваме. Струга и Охрид се наши туристички бисери и ние мора да ги развиваме. Има и други туристички места во светот што се под УНЕСКО, но се развиваат, и ние бараме ист и фер третман. Ние како Влада ќе сториме сè што е наш приоритет и во интерес на граѓаните – истакна премиерот.

Видеото може да го погледнете на следниот линк: