Реклама

Шест автопати, гасовод, железница – Во Македонија се гради како никогаш досега

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Македонија

Мицкоски: Институциите да постапат за дивоградбите, никој нема да биде заштитен

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување на една од националната телевизија,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски, во гостување на една од националната телевизија, каде меѓу другото беше запрашан и на темата за дивоградбите, посочи дека Владата води принципиелна политика, истото го препознаваат и граѓаните. И силно алудирајќи дека кога станува збор за прекршување на законот, никој нема да биде заштитен.

„Прво, ние како држава не постапуваме во тие случаи, МВР може врз основа на пријава и барање на ОЈО да дејствува и тоа го прави. Кога добива од страна на ОЈО барање, пријава итн., тогаш постапува. Јас колку што знам не е само во Чаир. Колку што знам дека МВР постапи или ќе постапува и во други општини врз основа на пријави“, вели премиерот.

Мицкоски истакна дека граѓаните добро ја препознаваат принципиелната политика на Владата, а секој оној кој се огрешил пред законот нема да биде заштитен.

Реклама

„Ние водиме принципиелна политика, и тоа го препознаваат граѓаните. И никој нема да биде заштитен, и тоа сум го кажувал многу пати до сега. Кој и да е, што и да е, доколку сторил кривично дело. И тука нема дилема“, рече Мицкоски и додаде:

„Нашата цел како Влада, прва точка на спојување е борбата токму против тоа, против потенцијалната корупција. Секој којшто има различна амбиција не може да биде мој соработник.“