Реклама

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Почнува со работа Истражниот центар во штипското обвинителство

Системот „Сејф сити“ се шири: Oд 12 октомври камерите почнуваат со работа во Oхрид, Струга, Кичево и Дебар

Мицкоски ќе се обрати пред Генералното Собрание на ОН: Ќе бидат претставени јасните и цврсти позиции на Македонија

Димитриеска-Кочоска: Од автомобилски компании до дата центри за поголем економски раст

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Македонија

Мицкоски: Инспекторите на терен, се чешлаат поголемите супермаркети: Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните

Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Сите институции се излезени на терен, и се наоѓаат во сите поголеми супермаркети, ова денеска го изјави на новинарско прашање премиерот на Република Македонија Христијан Мицкоски во однос на тоа дали инспекторите излегле на терен поради високите цени во маркетите.

Да и излегоа сите институции на терен, повеќе информации би имал во понеделник, но би можел да кажам се наоѓаме буквално во сите поголеми супермаркети, се прави детална анализа. Повеќе информации со јавноста ќе можам да споделам од понеделник, но можам да кажам дел од она што бевме загрижени, односно нашите стравувања стануваат вистина и реалност, така што делуваме и ќе продолжиме да делуваме, рече Мицкоски.

Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, но истовремено да не ја нарушиме пазарната економија вели премиерот.

Реклама

-Како Влада имаме обврска да го штитиме стандардот на граѓаните, но истовремено да не ја нарушиме пазарната економија, пазарните правила и така натаму. Мислам дека во овие моменти треба сите заедно да работиме да излеземе како победници од целата оваа оваа ситуација, и мислам дека ќе излеземе како победници, истакна претседателот на владата Христијан МИцкоски.