Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Економија

Мицкоски: Инфлацијата се спушти под 3 проценти, треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дали…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос тоа дали Владата ја следи состојбата со инфлацијата и каков е ставот за тековите изјави дека инфлацијата се спушти под три проценти и оти треба да се стори се за да се одржи ценовната стабилност.

– Во текот на вчерашниот ден Државниот завод за статистика ги објави трошоците за живот во февруари 2026 година. Јас тоа повеќе пати го најавив во моите изјави, но еве вчера тоа се потврди дека инфлацијата се спушти под 3 проценти, односно е 2,9 отсто и е повторно најниска во регионот. Би рекол една од најниските, ако се има предвид дека Грција е 3 проценти, Бугарија е 3,5 отсто, Косово да речеме во јануари, за февруари нема податок, е 5,8 проценти, Хрватска исто така веќе отиде над 3,8 отсто, Словачка е 4 проценти, Романија е 9 и нешто проценти, така што сите оние политики за коишто баравме трпение, полека, но сигурно, вродуваат со плод, рече Мицкоски по увидот во изградбата на пречистителната станица во населеното место Кучевишка Бара, Општина Чучер Сандево. 

Тој изрази очекување дека по утрешниот состанок со дистрибутерите, со ланците на маркети, ќе може да се одржи оваа кондиција и овој тренд да продолжи да се намалува.

Реклама

– Мислам дека не претставува поголем предизвик за сите нас од тоа да го сочуваме стандардот на граѓаните. Не е можеби доволно, имајќи ја предвид лошата колективна меморија од минатото, но еве за нецели две години се обидовме да се стабилизираме, да застанеме на нозе, да дојдеме до некоја неутрална нула за да можеме потоа да водиме политики на развој и политики онакви какви што заслужуваат граѓаните. Веќе сите параметри во економијата тоа го кажуваат. Ако ме прашате за мој суд, мислам дека треба да сториме сѐ што е во наша моќ да ја одржиме ценовната стабилност, имајќи предвид уште еден факт дека цените на мало се 1,6 отсто зголемени, што е под 2 проценти,1,5 проценти. Тука се оние цени на храна којашто е процесуирана, но и нормална, тука се зеленчукот, овошјето и останатите, рече Мицкоски.

Изрази задоволство од состојбата на базната инфлација којашто, како што посочи, „успеавме да ја смириме и сега треба да продолжиме уште повеќе да се движиме во тој опсег“.

– Мислам дека ќе се движиме оваа година меѓу 2 и 3 проценти, доколку нешто непредвидено не се случи, а не зависи од нас. Ако ова што се случува во заливот потрае, и ако потрае во насока на предизвикување последици по човештвото и по светот, тогаш веќе тоа се работи коишто не зависат од нас. Но, тоа што зависи од нас како Влада, ние тоа го следиме, преземаме мерки, проактивни сме, го контролираме и не дозволуваме осцилации коишто ќе бидат на штета на граѓаните, посочи премиерот Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања.