Реклама

Ескалација на протестите во Тирана – полицијата употреби гумени куршуми, над 1.000 уапсени

Алфа репортажа од селото Судик, во кое дел од својата мисија поминал и свети Методиј

Македонските еколошки друштва бараат Јабланица да се прогласи за национален парк

Дигитализацијата и вештачката интелигенција – основа за зголемена продуктивност и профит кај компаниите

Светски рекорд на Матка: Врело е најдлабоко истражената подводна пештера со 338 метри

Нови терапии и рана дијагноза за пациентите со спинална мускулна атрофија

Добро е Брисел и НАТО да видат што прави Бугарија – И правните експерти гледаат начини бегалците Михаилови да се соочат со правдата во Македонија

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Економија

Мицкоски: Инфлацијата е двојно помала од онаа во времето на минатата влада, дури и во вакви предизвикувачки услови

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски вели дека е вообичаено во овој период да почне процедурата за ребаланс на буџетот, а оценува и дека Владата успешно се справува со кризата  бидејќи инфлацијата е двојно пониска во однос на периодот на претходната влада. 

– Вообичаено е во јуни да почнат процедурите за ребаланс на буџетот и во јули да се донесе. Така беше и во 2024 и 2025, а до крајот на годината ќе имаме уште една конечна распредеделба на средствата за  буџетот во ноември, ова е таа вообичаена процедура што трае – изјави денеска Мицкоски на новинарско прашање.

Прашан за проекциите за инфлацијата, Мицкоски посочи дека треба да се споредуваат спордливи работи и оти „сега има двојно помала инфлација од онаа во времето на минатата влада“, како што нагласи, „дури и во вакви предизвикувачки услови“.

Реклама

– Инфлацијата се зголемува секаде во светот, но она што кај нас е важно е дека ако ја споредуваме денешната со состојбата од 2022 година во истиот период кога се случуваат кризите – март, април и мај, ќе забележите дека тогаш е двапати поголема од сега и тоа е успехот на справување со криза и кризен менаџмент. Доколку сега беше двапати поголема од тогаш, тогаш ќе речевме дека оваа Влада е неуспешна. Мораме да споредуваме споредливи работи. Ако ги споредиме март, април и мај 2022 година со март, април и мај 2026, притоа сите релевантни експерти ќе ви кажат дека оваа енергетска криза е поголема од онаа во 2022 и од двете енергетски кризи од 70-тите година на минатиот век заедно. Сепак, како Влада успеваме да имаме двојно помала инфлација од таа што ја имаше минатата влада, дури и во едни вакви предизвикувачки услови. А според ММФ, не според Владата, мерките што ги аплицира оваа Влада се трети во Европа според процент од БДП во споредба со сите земји. Тогаш бевме на дното, сега сме во првите три и тоа е емпириска разлика – изјави Мицкоски, кој присуствуваше на пуштање во употреба на реконструираниот дел од ГОБ „8 Септември“. 

Во однос на можноста за укинување на тарифните блокови за потрошувачката на електричната енергија, што во личен став ја сподели претседателот на Регулаторна комисија за енергетика, Ацо Ристов, и влијанието на сметките, премиерот Мицкоски упати на одговор до РКЕ наведувајќи дека „во делот што зависи од Владата и компаниите во кои е доминантен сопственик, ќе нема покачување, како што е и во изминатите две години“.