Реклама

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Крај за злоупотребите на боледувањата – МВР и ФЗО најавуваат контроли

Родово-одговорни политики за помотивирани и поефикасни работници

Излегоа конечните бројки, 1300 првачиња помалку од лани

Обвинителството го отвори трагот како Груби ја злоупотребил Владата за набавка на апарати за Лотарија

Нелегална плантажа со канабис откриена во струмичко-запленети 680 килограми, двајца уапсени

Димитриеска-Кочоска: Инвестициите и финансирањето клучни за енергетска сигурност и раст

Во Њујорк средба Мицкоски – Јанша: Пријателството да го преточиме во уште посилна економска соработка, европската интеграција да се темели на заслуги

Бизнис

Мицкоски: Иднината ја создаваме со знаење, технологија и партнерства

Германија станува главен економски сојузник на Македонија со се поголем раст на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Германија станува главен економски сојузник на Македонија со се поголем раст на инвестициите, особено во ИТ секторот. Ова беше заклучено на Германско-македонскиот бизнис самит што се одржа во Скопје. Според премиерот Христијан риХ Мицкоски, германските компании не се само инвеститори, туку партнери во трансформацијата на македонската економија. Имаме млади, талентирани и амбициозни луѓе, но и стратешка географска позиција и потенцијал да изградиме модерна и конкурентна економија, рече тој пред присутните.

„Новата економија бара паметни фабрики, автоматизација, вештачка интелигенција и постојано вложување во човечкиот капитал. Нашата визија е младите инженери и иноватори да не ја бараат иднината надвор, туку да создаваат дома“, вели премиерот Мицкоски.

Според податоците кои беа презентирани на Самитот, дури 22 проценти од македонскиот извоз доаѓа од информатичко-комуникациските технологии. Само во 2025 година земјава извезла ИКТ услуги во вредност од 438 милиони евра.Според премиерот и директорката на гераманската стопанска комора во Македонија, овие показатели потврдуваат дека земјата не само што е атрактивна производствена дестинација, туку има потенцијал да се позиционира и како регионален центар за нови технологии, логистика, напредно производство и дигитални услуги.

Реклама

Дека германските инвестиции се клучни за раст на извозот и индустрискиот развој покажуваат и бројките. Повеќе од 200 компании со германски капитал влегоа во Македонија во изминатиот период, и вработени се повеќе од 30.000 работници. Најголем дел од нив се од автомобилската индустрија.