Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Мицкоски и Николоски на увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Премиерот Христијан Мицкоски заедно со вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски денеска беа во работна посета на општина Бутел, каде извршија увид во градежните работи за изградба на водовод за селата Љубанци и Љуботен.

Како што информира Министерството за транспорт, проектот се реализира по тридецениското барање на жителите на овие населени места да добијат чиста вода за пиење.

-Проектот е финансиран од буџетот на Министерството за транспорт во вредност од 106 милиони данари. Се реализира со цел да  се обзбедат поквалитетни услови за живот за сите граѓани во општина Бутел.  За таа цел предвидено е да се изгради нова пумпна станица на локацијата на постојниот резервоар за висока зона како и да се изградат нови резервоари за двете населени места, се наведува во соопштението. 

Реклама

Со реализција на проектот се гради пумпна станица во Радишани,  цевковод од пумпната станица Љуботен до резервоар Љуботен и цевковод од пумпна станица Љуботен до резервоар Љубанци.