Реклама

Да не се шират лажни информации за „Стив Наумов“ – Делегацијата на ЕУ реагира по обвинувањата за лоши услови во домот

Раст што станува реалност, туризмот во септември со нови позитивни бројки

Нов удар на СДСМ врз монетарната власт: Со кривични пријави против Славески бараат НБРМ да биде обезглавена

Алта банка ќе преживее, проблем ќе биде како да се врати довербата во банкарскиот систем

Алта банка повторно функционира и со експозитура во Скопје, овозможена и исплата на плати и придонеси

Никола Јанкуловски избран за претседател на Лекарската комора

Академик Владо Камбовски со детали за новиот КЗ со кој конечно треда да се стави ред во правниот хаос

Мицкоски ја разобличи хистеријата на Филипче: Владата на СДСМ и ДУИ барала влегување во деловни односи со Алта

Собранието го донесе вториот ребаланс на буџетот за 2026 година

По цели три децении Македонија ќе добие нов Кривичен законик, текстот е веќе испратен во Брисел за нивно мислење

Министри, директори, па дури и попови – Бог простува, ама „Сејф Сити“ не: системот се шири во Битола, Струмица и Штип

Пекол на „Тракија“: 12 жртви и 48 повредени во двата масовни верижни судири во Бугарија

Прилози

Мицкоски и министрите учествуваат на унгарско – македонски владин самит во Унгарија

Македонски дипломати ќе разменуваат знаења и искуства со унгарските колеги. Македонскиот министер…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонски дипломати ќе разменуваат знаења и искуства со унгарските колеги. Македонскиот министер за надворешни работи Тимчо Муцунски и неговиот унгарски колега Петер Сијарто потпишаа Акциски план за кои ќе се продолабочува соработката помеѓу ресорните министерства особено во делот на надворешната трговија која сега е во надлежност на МНР. Со потпишувањето на овој акциски план официјално започна двоодневниот меѓувладин самит помеѓу Македонија и Унгарија во Будимпешта. Овој самит е доказ за одличните билатералните односи, како и поддршката која добива Македонија на евроинтегративниот пат, се согласија двајцата министри.

Во фокусот на разговорите помеѓу двајцата министри беа и последните случува во континентот и разговорите за мир во Украина, како и средбата на европските лидери во Лондон која се оддржа вчера. И двајцата министри се сложија дека двете земји се за ставање крај во војната во Украина.

Дводевниот самит финишира со меѓувладина седница која ќе се одржи утре. Ќе претходи тет-а тет средба помеѓу двајцата премиери Мицкоски и Орбан, и билатерални средби помеѓу ресорните министерства. Целта е да се продлабочат и онака одличните економски и политички односи помеѓу двете земји. По завршувањето на заедничката владина седница, двајцата премиери Мицкоски и Орбан ќе одржат заедничка прес-конференција на која ќе го презентираат договореното од средбите и седницата.

Реклама

Инаку, ова е втора меѓувладина седница помеѓу Македонија и Унгарија. Првата се одржа во септември минатата година во Охрид. Тогаш Орбан ја реафирмираше силната поддршка за Македонија на евроинтегративниот пат, со што се понуди дури и да биде посредник на дијалогот помеѓу Скопје и Софија, како тогашен претседавач со Советот со ЕУ, но Бугарија веднаш го одби предлогот на унгарскиот премиер. Во Охрид стана збор и за стратешките проекти како транспортниот и енергетскиот коридор север – југ кој што го поврзува Балканот со Унгарија и е од огромно значење за енергетската сигурност и економскиот раст на целиот регион.

Тогаш во фокусот на разговорите беше и унгарскиот кредит од милијарда евра. Парите веќе се користат. Половина од средствата завршуваат кај општините за изградба на инфраструктурни проекти, додека останатата половина во вид на кредити под поволни услови се пласира кај бизнисите за раст на производството. Дополнителни 500 милиони евра се искористија за отплаќање на еврообврзницата од 2018 година, со што јавниот долг на Македонија се намали од 61,9% на 58,2% од БДП.