Реклама

УГД ги суспендираше двајцата вработени осомничени за манипулации со студентските досиеја

АХВ прифати дел од барањата на ветеринарите

Фабриката „АСП – ПАК“ отвори нов погон во Охрид со целосно роботизирана производна линија.

Ќе и се суди во отсуство: Кочанскиот суд одби да прави циркуз од судењето на „медиумската ѕвезда“ Ива Михаилова

Инфлацијата во рамки на проекциите, во октомври 3,3%

Бензините поевтинуваат за 7 денари, дизелот за 5,5 денари за литар

Мицкоски:„Алта банка Битола“ нема да оди во стечај, наскоро ќе има аукција

Охрид сè уште без современа автобуска станица, се бара ново решение на локација на компанијата „Галеб“

Воскреснување на МЖ Транспорт: Преполовени долгови и нови инвестиции во македонската железница

Кралската гробница кај Бонче: сведоштво за античкото минато со огромен потенцијал

По две години заврши конзервацијата на 20 украдени македонски икони

Дом за младите без трошоци за комуналии – по Град Скопје и повеќето скопски општини подготвени да излезат во пресрет

Македонија

Мицкоски: Фондацијата Конрад Аденауер веруваше во нас дури и кога некои други се двоумеа

Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја. Таа е сведоштво дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Фондацијата Конрад Аденауер е амбасадор на демократската идеја. Таа е сведоштво дека вредностите можат да патуваат преку граници, преку генерации и тешкотии и да вкоренат стабилност, дијалог и надеж, рече вечерва премиерот Христијан Мицкоски.

Во обраќањето на свечениот прием по повод 25 години од работата на Фондацијата Конрад Аденауер во земјава, Мицкоски потсети на зборовите на германскиот канцелар Конрад Аденауер, според кој историјата не се менува со зборови, туку со дела, а делата почнуваат со визија и храброст.

-Мирот е не само отсуство на војна, туку и присуство на правда, стабилност и човечко достоинство. Оваа мисла денес е поактуелна повеќе од кога било во свет во кој демокатијата е под притисок, во кој се раѓаат нови ѕидови, а стари вредности се доведуваат во прашање. Потребни се институции кои ќе останат цврсти, потребни се сојузи што не се темелат на интерес, туку на идеали, Фондацијата Конрад Аденауер е токму таков сојузник, истакна Мицкоски.

Реклама

Според него, уште од времето кога нашето општество се соочуваше со транзиција, економска и политичка неизвесност, Фондацијата беше происутна со обуки, јавни дебати, поддршка на граѓански организации и едукација на млади луѓе.

-Постапуваше со почит, разбирање и волја да се гради и слуша. Токму во тие тешки времиња се гради вистинското пријателство. Нашиот пат кон демократијата не беше праволиниски, имавме грешки и разочарувања, но секогаш имавме и партнери што веруваат во нашиот капацитет за напредок. Фондацијата Конрад Аденауер веруваше во нас дури и кога некои други се двоумеа. Веруваше дека можеме да станеме дел од европското семејство, дека младите овде заслужуваат иднина и затоа денес кога зборуваме за евроинтеграции, за владеење на правото, за борба против корупцијата и слобода на медиумите знаеме дека зад тие процеси не стојат само политички декларации, стојат години на вложување, соработка и визија, истакна Мицкоски.

Пред премиерот Мицкоски на приемот се обрати раководителот на Фондацијата Конрад Аденауер, Даниел Браун, кој рече дека Фондацијата изминатите години работеше на поддршка на европската интеграција и демократското општество во Македонија.

-Верувам дека во Македонија успеавме да изградиме заемно почитување, искрени и коонструктивни со сите, вклучувајќи ги и оние што имаат различни гледишта од нашите. Иако не сме дипломати, ние сме амбасадори на земјата и и даваме видливост, истакна Браун.

На приемот што се одржува во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, присутни се претседателот на Собранието на Македонија, Африм Гаши, високи владини функционери и претставници од дипломатскиот кор.