Пуста желба на ДУИ ќе останат предвремените парламентарни избори. Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ им порача дека може само внатре во партијата да си организираат гласање и дека во отсуство на проекти и визија, на глаското тело повторно ветуваат вработувања и привилиегии од кога би дошле на власт.
- „Жалам што се уште има структури во опозицијата мислам на ДУИ, што во отсуство на реални проекти и политики, во отсуство на визија и план, немаат друг начин како да го мобилизираат своите гласачи и повторно ги навредуваат и велат ќе ги бидеме во Влада ќе ве вработиме. Мислам дека тоа нема да се случи, барем така како што тие најавуваат и мислам дека на овие избори ќе бидат непријатно изненадени како што ќе биде на крај ќе биде. Така што мислам после изборите ќе се заминуваат повеќе со внатрепартиски избори отколку друг тип на избори“ рече Мицкоски.
Интегративците пак остануваат на ставот дека локалните избори ќе ја разнишат владејчката коалиција и во март ќе имало предвремени парламентарни. Велат дека на пролет повторно ќе станеле дел од Владата.
- „Веднаш по локалните избори ќе има парламентарни избори. Во Градот Скопје, не знам дали сте ги виделе анкетите, соодносот е речиси 8 спрема 2, Националната Aлијанса за Интеграција е 8 спрема 2, тоа е соодносот во Градот Скопје. Одиме на предвремени избори, ги знаете резултатите од предвремените избори, ќе има нова влада во март, ќе има нов состав во Градот Скопје “е пораката од ДУИ.
Од коалицијата ВРЕДИ, пак, велат дека ДУИ лаже во обид да ги мобилизира гласачите. Според нив нема да има предвремени изборени, а нема ни потреба од такво нешто зашто коалицијата била стабилна.

- „Некој сака да лаже, да го мотивира својот електорат дека ова се локални избори и по локалните избори ќе одиме на парламентарни избори. Мислам дека кога овие луѓе од АА ќе ги видат резултатите од локалните избори, ќе заборават на парламентарните избори. Значи, сега сме фокусирани на локалните избори, Владата има легитимитет, има бројки, има задачи пред себе, има програма пред себе и нема потреба да правиме дополнителни трошоци за предвремени парламентарни избори. Изборите ќе бидат регуларни кога ќе бидат закажани“ е ставот на ВРЕДИ.
Социјал-демократите со став пак дека секогаш се подготвени за сите можни изборни сценарија, како за редовни така и за евентуални предвремени парламентарни избори. За партискиот лидер претстојните локлани избори биле многи повеќе од тоа – ги наречеморална и историска битка за Македонија.
- „Ова е тест за зрелоста на нашето општество. Ова е избор помеѓу два различни света, два пата кои водат на сосема различен правец. Две различни иднини за Македонија. Оваа битка не е само политичка. Таа е морална и таа е историска. Ова е борба за еднаквост, за правда, за човеково достоинство. За Македонија што се обединува, не што се дели. Ова не е време за апатија, ниту за дистанца. Овие избори се време на одлука: Да ја одбраниме куќата што ја градиме со децении за која нашите предци стремеле со векови, кажа Филипче, на митинг на 11.10.2025 година.
Редовните парламентарни избори би требало да се одржат во пролетта 2028-та година, ова мнозинство досега истера само една и пол година од четири годишниот мандат.
