Реклама

„Училишна кошничка“ со пониски цени: Приборот поевтинува 15%

Вчерашното невреме со град уништи огромни површини со тутун во долненскиот регион –

Пoмалку првачиња и затворени рурални училишта: Новата учебна година почнува со демографски предизвици и реформи

Кос: ЕУ ги менува правилата за проширување, не смееме да прифаќаме тројански коњи

Демографски аларм-се помалку ученици и студенти во Македонија

Ќе изгаснат еден, веднаш избувнува нов: По тешката ноќ на Китка, фронтот се пресели кај новиот пожар во Градско

Мицкоски: Не сме исти, ни на сон не би сакал да бидам како Венко Филипче и СДСМ

Мицкоски за „Брајтбарт“: Договор за нулта царини со САД, Брисел не предаде и излажа

Половина евро поевтини: Македонија останува „главна бензинска пумпа“ во регионот

Скопје под чад од пожари на Китка и Жеден

Контроверзниот Абази брои ситно: Расчистува пред да замине за да остави „чиста сметка“ пред тие што го поставија

На Филипче не може да му се најде крајот: Бил подготвен за избори, ама од соочување со народот бега како од ѓавол

Економија

Мицкоски: До крајот на летото ќе се пушти делот од Извор до Охрид

Голема градежна офанзива во Македонија. Премиерот Мицкоски е задоволен од тоа како…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Голема градежна офанзива во Македонија. Премиерот Мицкоски е задоволен од тоа како се одвиваат активностите на градилиштата низ земјава. Тој вели дека иам одлична динамика во изградбата на автопатот Охрид – Кичево, при што веќе била пуштена делницата во делот на Требеништа. Интензивно се работи и на санирање на свлечиштата кај Врбјани и Ботун. Во моментов се изведуваат уникатни и сложени инженерски и градежни зафати, кои за прв пат се користат, не само во Македонија туку и во регионот. Премиерот вели дека роковите ќе бидат запазени и дека најверојатно при крајот на летото ќе биде пуштена во употреба цела делница од Извор до Охрид.

„Се работат проектите за стабилизирање на свлечиштата после тунелот кај Врбјани до Кичево, и кај Ботун. Таму беа вицепремиерот и министер за транспорт и директорот на ЈП за државни патишта и снимија едно импресивно видео – првпат во Македонија се гради таков тип на објект и мислам дека ќе биде прекрасно за да се гледа“ – изјави Мицкоски.

Со солидна динамика се гради и на другите патни правци. Мицкоски вели дека интензивно се работи на трите автопатски делници кои ги гради конзорциумот Бехтел и Енка. Се работи за правците од Тетово до Гостивар, од Гостивар до Букојчани и од Прилеп до Битола. Завршен е и тендерот за изведба на делот од Букојчани до Кичево. Службите ги завршиле работите за да се забрзаат активностите: разрешени се имотно правните односи, пробиени се трасите и веќе биле исплатени половина милијарда евра кон изведувачот.

Реклама

„Сите оние проекти со т.н. „Бехтел и Енка“, односно коридорите 8 и 10Д, околу 90 проценти се расчистени траси, имотно-правни односи, тоа што е обврска на државата е завршено, изведувачот напредува. Околу половина милијарда евра веќе се исплатени за тие проекти. Така што, сигурен сум дека се движиме во добра насока и им честитам на сите кои се вклучени во тие проекти“ – вели Мицкоски.

Изградбата на автопатите, но и железниците и гасоводите и тоа како придонесува за раст на градежништвото. Овој сектор кој покренува уште 22 други гранки, забележа исклучителен раст од 21% минатата година. Владата очекува овие солидни бројки д апродолжат и во 2026-та. За годинава се очекува економскиот раст на Македонија да достигне 3,8%.