Реклама

Двајца американски војници загинаа во ирански напад во Јордан, Иран се повлече од договорот со САД

Жител од прилепското село Голем Радобил моли за помош за да го реновира својот опожарен дом

Кочанските оризари бараат откупна цена од 35 денари за килограм

Денеска ќе се знае дали ќе има епидемија во Гостивар: Водата не смее да се користи ниту за пиење, ниту за миење, ниту за капење…

Владата утре на состанок со трговците со храна, Мицкоски најави намалување на акцизите на горивата

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Бизнис

Мицкоски: Цените на одредени продукти зголемени и до 25%, и тоа не е етички

Им пропаѓа обидот на трговците  да „ќарат“ предновогодишно . Владата нема да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Им пропаѓа обидот на трговците  да „ќарат“ предновогодишно . Владата нема да го толерира односот на бизнисмените кои сакаат да зарботат со манипулации.  Ако не паднат цените ќе има поригорозни мерки, рокот кој го имаат е до петок. По одлуката на влада, пазарна е веќе на терен.

„Сакавме да слушнеме од нив, да се поразговара на добра волја и да се донесе заедничко решение, кое ќе биде прифатено. И тоа се случи. Тоа што некој од нив се служат со трикови, тоа е друга работа. За тоа ќе има соодветни процедури. Трае анализата и тие процедури деновиве ќе бидат аплицирани“, Затоа што граѓаните очекуваат од нивна страна разбирање и во најмала мерка да биде така како што било, а не наеднаш да се зголемуваат цените на одредени продукти. На одредени продукти за 25% се зголемени цените на производите. Тоа не е етичко однесување, туку би рекол нечовечно однесување“, подвлече Мицкоски.

Институциите утврдија дека во изминатите 10 дена, паднале цените на продуктите кои се на листата, но за сметка на тоа, се покачиле цените на одредени  производи што не ги опфаќа акцијата. Во министерството за економија се децидни, ако не паднат цените, ќе има одговорност и ќе се донесе мерка или за замрзнување цени или за ограничување маржи. Пазарна прави анализа и  како се движат цените на основните прехранбени производи во изминатите три месеци

Реклама

Сакам да апелирам до сите фактори во целиот овој процес, производители, дистрибутери и трговци, да ја покажат општествената одговорност за која зборуваа кога на нивен предлог ја креиравме оваа акција. Апелирам да ги коригираат цените на оние производи што се најпотребни во периодот на новогодишните празници и да им излезат во пресрет на граѓаните. Не може тоа што ним им беше дадено како право и можност, сега да го надоместуваат со драматично зголемување на некои други производи, рече Министерот за економија

Опозицијата пак преку пресови обвинува дека Владата била крива за манипулацијата, иако додека беа на власт постојано имаше злоупотреби од трговците

Акцијата новогодишна кошничка стартуваше на 15- ти декември како договор помеѓу Владата,  трговците, производителите и дистрибутерите и треба да трае до 15- ти јануари.