Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Македонија

Мицкоски: Целосно е реконструирано одделението за системски прегледи во ИЈЗ

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Марија тоа многу добро го срочи, би рекол брилијантно и мислам дека сега многу појасно ќе биде на македонската јавност и на граѓаните се разбира што е тоа што Институтот за јавно здравје го нуди, што е сработено во овој период од неколку месеци, а мислам дека е сработено во историска смисла многу, истакна при денешната посета на ИЈЗ премиерот Христијан Мицкоски.

Разговаравме малку и за развојните планови во периодот којшто следи, она коешто можеби јас би ја дополнил е тоа што институцијата беше затекната со многу големи долгови, во една хаотична состојба. Тие долгови се сервисирани и сега не само што се сервисирани долговите туку имаме и заштеда и таа заштеда не е така мала, со таа заштеда ќе се реализира дел од развојните проекти во периодот којшто следи.

Така што јас сум исклучително благодарен на нејзиното водство во институцијата, на сите вработени коишто се дел од тимот којшто ги спомена директорката, на сите луѓе коишто се дел од Министерството за здравство, Фондот за здравство, тука е и директорот, заменикот-министер и останатите, се разбира и на колегите во Владата бидејќи реформите во здравството и сето она што планираме да го правиме се еден од нашите врвни приоритети, а не малку работи се случија и во овие би рекол нецели година дена од како сме избрани како Влада.

Реклама

Така што уште еднаш честитам и посакувам што помалку луѓето да ги користат овие институции, но оние коишто имаат потреба од овие институции да ги добиваат услугите европски и да го добиваат на време, рече Мицкоски.