Реклама

УЈП ги повика граѓаните кои имале заработка од странство во 2021 година да платат данок

Најнеизвесни избори во Србија, студентите против Вучиќ

Еколошки грабеж без крај: Јабланица опустошена од дрвокрадци и намерни пожари

Почна реконструкцијата на кровот на штипската Клиничка болница

Немири во Европа, Македонија засега безбедна: На одредени странски сили би им одговарало тука да има нестабилност

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Економија

Мицкоски: Бројот на вработените во првиот квартал е добра вест за граѓаните, лоша за опозицијата

 Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години.  На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

 Премиерот Христијан Мицкоски вели дека се креирани нови 17 илјади работни места откако е избрана Владата што ја предводи и оцени дека тоа е показател оти има ефект тоа што се работело во изминатите две години. 

На новинарско прашање за податоците од Државниот завод за статистика за бројот на вработени во првиот квартал годинава Мицкоски оцени дека „тоа е добра вест за сите граѓани, а е лоша вест за оние од опозицијата коишто не сакаат да успее Владата мислејќи дека на тој начин тие ќе добијат шанса“. 

– Државниот завод за статистика ги објави бројките, на крајот на првиот квартал 2026 година бројот на вработени е зголемен на седумсто и осум илјади и нешто. И кога ќе се спореди со бројот на вработени од крајот на вториот квартал 2024 година кога беше избрана оваа Влада, тој број изнесуваше над шесто деведест и една илјада тогаш доаѓаме до заклучок дека се креирани нови седумнаесет илјади работни места. Тоа е, за жал, лоша вест за оние кои што Бога молат да не успее Македонија и државата, но добра вест за граѓаните дека полека, но сигурно тоа што го работиме изминативе две години добива ефект и Македонија продолжува да се развива онака како што заслужуваат граѓаните, изјави Мицкоски, по учеството на регионалниот форум за клима, енергетска транзиција и одржлив развој во Западен Балкан – МЕФ 2026.  

Реклама

ДЗС објави дека бројот на невработени лица во првото тримесечје од 2026 година е намален за еден отсто во споредба со четвртото тримесечје од 2025 година, а за 2,3 проценти е намален во споредба со истото тримесечје минатата година. 

Активното население брои 797 884 лица од кои вработени се 707 385, а невработени 90 499 лица. Стапката на активност е 52.5, на вработеност 46.5, додека стапката на невработеност изнесува 11.3.