Реклама

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Над 134 илјади нерешени предмети во судовите, само 13 од 425 претставки до Судскиот совет биле основани

Вештакот на одбраната тврди дека мајката на судијата Ристов ги пишувала сумите на ливчињата со заѕиданите пари

Ќе се става крај на хаосот со државните институции, посебно оние што постојат без било каква потреба

Полиција, Итна помош, пошта, јавни претпријатија – речиси 370 нови возила за поефикасни јавни служби

Чекајќи го дождот: Над 80 отсто од нивите со жито на истокот сè уште не се изорани

Економија

Мицкоски: Блиску сме до одлука државата преку АД ЕСМ да ги гради „Чебрен“ и „Галиште“, а првите сериозни контури да се појават до 2037 година

Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Според досегашните информации, тие обиди се успешни – вели премиерот Христијан Мицкоски. – […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Раководството на ЕСМ и Министерството за енергетика, минерални суровини и рударство се во обид да се формира меѓународен синдикат, односно синициран заем од неколку реномирани меѓународни финансиски институции, од што зависи иднината на проектот за градба на двете хидроцентрали „Чебрен“ и „Галиште“. Според досегашните информации, тие обиди се успешни – вели премиерот Христијан Мицкоски.

– Сè уште немаме потврда, сè уште немаме почеток на реализацијата на овој проект, но многу сме блиску до носење одлука државата преку ЕСМ да го финансира и го реализира овој проект. Тоа е важно не само за државата туку и за регионот имајќи ги предвид климатските промени. Убеден сум дека во годините, во децениите што следуваат, на регионот, а особено на Македонија, потребни се нови два резервоари за вода. Бошков Мост, од оправдани причини, и Луково Поле не се изградија, единственото нешто што во моментот има потенцијал, а има прилично богата и добра хидрологија, е оваа каскада „Чебрен“ и „Галиште“. И тоа со можност за реверзибилност да биде „Чебрен“, но тоа сè уште се анализира како техничко решение од страна на луѓето вклучени во проектот – рече Мицкоски во интервју за поткаст.

Освен за вода за пиење, овие два потенцијални резервоари се потребни и за наводнување на овој регион, а дури потоа, но не помалку важна, е и можноста за развој на туризмот.

Реклама

– Дури потоа јас би зборувал за производство на електрична енергија, но повеќе јас овие резервоари ги гледам како своевидни батерии, односно акумулации што може да акумулираат и практично да го нивелираат пикот, односно конзумот, производството и потрошувачката на електрична регистрација. Ова е проект што носи додадена вредност во македонската економија затоа што се финансира, и нашата желба е да се финансира, со средства од надвор, со грејс-период еднаков на периодот на градба, од 8 до 10 години, и сè би можело да биде, што се вели, домашна компонента, да имаат додадена вредност – објасни Мицкоски.

Разликата зошто би се одело со финансирање преку ЕСМ, а не преку домашно финансирање, од буџетот, но со кредитно задолжување, премиерот со одговор: Така влегува во дефицит.

– Ако се оди преку АД ЕСМ, не влегува во дефицит. Има разлика Ова е проект со висока стапка на поврат и со висока нетирана сегашна вредност. Второ, нашата амбиција е да бидеме крстосница на двата коридори со сета придружна инфраструктура, проектот за пругата, која треба да се изгради на Коридорот 10, и западното крило на пругата од Коридорот 8. Тоа се средства, кои за разлика од АД ЕСМ или ЈП за државни патишта, „Македонски железници – Инфраструктура“ или „МЖ – Транспорт“ многу тешко би можело да ги финансира. И тогаш ние тие два проекти ќе мораме да ги изработиме преку Министерството за транспорт и тогаш тоа ќе влезе во буџетскиот дефицит. Така што, во еден момент, во следните 10 години, ќе се појават проекти во вредност од десетина милијарди евра, дел приватна иницијатива, дел државна иницијатива – истакна премиерот.

Во однос на капацитетот на државата за такви проекти, од аспект на градежништво, но и за аспектот од машинскиот момент за хидроцентралите, Мицкоски посочи дека веднаш по враќањето од самитот во Тиват, почнал средби со македонските градежници.

– На овие средби се разговара за капацитетот, што е она што може да се сработи дома, а што треба да се бара од надвор, за да се види можноста колку од парите би останале во македонската економија со ангажирање на целиот капацитет. Вистинско проектно решение е кога ние ќе успееме да ги оптимизираме сите овие трошоци и сите тие трошоци да ги направиме тука дома, колку повеќе ги направиме дома, толку подобро – нагласи Мицкоски.

Почнал и состаноци со македонските градежни компании за да ги претстави амбициите на државата и планот.

– Да се погледнеме в очи, да знаеме што можеме дома да направиме, што е тоа што ќе мораме да го бараме надвор. Ако влеземе во аранжман да се задолжиме, ние мораме што побргу да го завршиме тој проект за да профитираме, односно да приходуваме за да можеме да го враќаме долгот. Моментно не е толкав капацитетот колку што е потребата и колку што е нашата амбиција, годишно просечно по една милијарда евра, но се договоривме да имаме раст приближно на 25 или 30 % на годишно ниво, што во одреден период ќе ни овозможи да дојдеме на половина од она што е нашата амбиција. Другата половина ќе мора да ја бараме од градежни компании од надвор – посочи премиерот.

Во однос на машинскиот дел за хидроцентралите, од каде ќе се набави, Мицкоски информира дека за тоа ќе се распише тендер, што ќе се организира заедно со потенцијалниот синдикат на заемодаватели, за кои посочи дека станува збор за реномирани компании, банки и големи финансиски институции.

– Доколку биде сè како што треба, ние планираме постапката да ја почнеме според принципот на „Јелоу ФИДИК“, очекувам првите посериозни контури да се појават во интервалот 2035/2037 година – рече Мицкоски во интервјуто.